Најкратки драми на светот

  • Автор: Разни автори
  • Режисер: Трајче Ѓоргиев
  • Информации: Превод и адаптација: Дарко Јан Спасов и Трајче Ѓоргиев
    Асистент на режисерот: Дарко Јан Спасов
    Драматург и избор на музика: Дарко Јан Спасов
    Сценограф и избор на музика: Трајче Ѓоргиев
    Костимограф: Роза Трајческа - Ристовска
     
  • Премиерна изведба: Понеделник, 25 Ноември 2019
  • Времетраење: 75
  • Пауза: Не
  • Сцена: Мала

„Најкратки драми на светот“, како наслов на оваа театарска претстава е позајмен од истоимената збирка кратки пиеси издадена пред точно 20 години и е приредена од театрологот Јован Ќирилов. Од изборот на четириесетина пиеси од исто толку автори, издвоени се десет, кои со својата драматуршки фрагментирана форма градат една заокружена сценска слика ― калеидоскоп низ кој се прави пресек на театарот од првата и дел од втората половина на претходниот век, а чии врзивни елементи се тоталитаризмот, недоразбирањето, тегобноста, зачуденоста, времето како не(с)фатлива категорија, општата состојба на апсурд... Секоја од овие пиеси „минијатури“ на Муза Павлова, Шпиро, Каринти, Били К. Велс, Фридман, Чехов и други автори, од својата „неконцизна“ основа го повикуваат хуморот како спас од вртлогот на безизлезноста и гротеската што неретко е опачина на слободата.

Дарко Јан Спасов, драматург

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk