МAMMA MIA!

  • Автор: Музика и текст: Бени Андерсон | Бјорн Улвеус | текст: Кетрин Џонсон | по приказната на: Џуди Крејмер
  • Режисер: Наташа Поплавска
  • Информации: Препев и превод:Тина Трпкоска
    Диригент:
    Бисера Чадловска
    Кореограф:
    Олга Панго
    Сценограф:
    Александар Дениќ
    Костимограф:
    Роза Трајческа – Ристовска
    Дизајн супервизор:
    Емил Петро
    Дизајн на звук: 
    Бојан Угриновски 
    Дизајн на светло:
    Горјан Темелкоски
    Извршен продуцент:
    Симона Угриновска 
    Инспициент:
    Вукица Александрова
    Вокални корепетитори:
    Сара Николовска и Ана Костадиновска 
    Корепетитор на солисти и хорски ансамбл:
    Билјана Петровска
  • Премиерна изведба: Недела, 24 Декември 2017
  • Времетраење: 180 минути
  • Пауза: Да
  • Сцена: Голема

MAMMA MIA!

Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.
Фактот што над 54 милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музика ја чини MAMMA MIA! претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите!   
Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко ѝ враќа назад на островот тројца мажи од минатото на мајка ѝ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години.
Раскажувачката магија на безвременските песни на АББА претставува двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавна претстава. Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери заедно ја прават МAMMA MIA! загарантирана хит-претстава за секој театар.

Проектот се реализира во копродукција помеѓу Македонски народен театар и Проспот д.о.о./Presented by Arrangement with Music Theatre International/Europe.


Prospot d.o.o е млада компанија која се бави со театарска и музичка продукција. Претставите “The Sound Of Music”, “I Love You, You’re Perfect, Now Change” i “Moped Show Live” се дел од продукцијата кои ги потпишува Prospot и кои доживеале голем успех во Словенија. Квалитетот на работењето и достигнувањата на оваа компанија потврдени се и со добивањата на ексклузивните права за првокласна продукција „MAMMA MIA!“ во Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија и Романија. Компанијата Prospot ја води Јуриј Франко, славниот југословенски скијач од осумдесеттите години кој со еднаков успех ги остварува и успесите во светот на бизнисот, а во последниве години се бави и со продукција на мјузикли и театарски претстави. Особено е горд на фактот што неговата компанија после шест години работа успева да ги обезбеди правата за мјузиклот „MAMMA MIA!“ чија премиера прво беше во Белград, а потоа во Љубљана и Загреб. На компанијата Prospot и е голема чест да биде копродуцент, заедно со Македонски народен театар, на овој голем хит, ширум светот. 

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk