Купи билет он-лајн

Репертоар

АУДИЕНЦИЈА

Петок, 08 Ноември 2019 | 20:00

orig_5ae088093cfec2.97795647.jpeg

Автор: Вацлав Хавел
Ржисер: Сибел Абдиу
Композитор: Слободан Трајкоски
Сценограф: Ујза Жури 
Инспициент: Александар Рајковски


Играат: Владо Јовановски и Џенап Самет



 
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
„Аудиенција“ е трагикомична апсурдна драма во еден чин, по текст на Вацлав Хавел напишан во 1975 година. Главниот лик е Фердинанд Вањек, интелектуалец кој треба да работи во пивара. Вањек е повикан од страна на својот претпоставен, Сладарот, кој е на сосема различно интелектуално ниво. Претставата е делумно автобиографска (Вањек го претставува Хавел) и има референци за вистински уметници од тоа време (Гот, Бохдаловиќ, Кохут).
 
Вањек, по вокација драмски писател, интелектуалец, принуден да работи во пивара, алтер егото на авторот (измислена личност, психолошки идентична со авторот), кој е следен од страна на тајната полиција. Во текот на претставата Вањек покажува благородни манири на изразување и однесување, се служи со едноставни зборови и кратки реченици, но од друга страна тој во неговите ставови е бескомпромисен.
 
Сладарот, од друга страна, е претпоставениот на Вањек кој одлучува за должноста на работниците во пиварата. Тој во Вањек гледа авторитет, и покрај тоа што е подреден. Се обидува да направи нечесен и неетички договор со Вањек. За време на претставата и обајцата постојано пијат, а особено Сладарот. Тој е типичен претставник на едноставниот и неук човек со волја за моќ.
 
Претставата има за цел да посочи на апсурдноста на комунистичкото општество, неверојатниот јаз меѓу интелектуалците и медиокритетите, а исто така и индиректната критика на тоталитаризмот и не-слободата.
 
РЕЖИСЕРСКА ЕКСПЛИКАЦИЈА:
Дали борбата против тоталитаризмот е борба со ветерниците? Дали е можно истиот да се порази дури и во денешното демократско општество? Дали човештвото еволуира или де-еволуира, целосно дистанцирајќи се од „апсолутна слобода“?…
 
Во оваа трагикомична и апсурдна дуо-драма, Хавел го поставува прашањето за тоталитаризмот, на многу прецизен начин преку хипер реалистична приказна во хипер реалистични околности. Главниот лик Вањек, интелектуалец осуден да им служи на квази-интелектуалците, заглавен во својата судбина на филозофски начин, одлучува да ја води својата војна користејќи го молкот како оружје. Сосема свесен дека сè е “quid pro quo“ во ова воспоставено тоталитаристичко општество, тој треба да плати сериозно висока цена за промените за кои се залага. Неправеден договор - „договор со Мефисто“.
 
Сибел Абдиу, режисер

 

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    55 минути
  • Изведбата е
    без пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?