Купи билет он-лајн

Репертоар

Come fly with me со Павле Камилоски

Четврток, 26 Декември 2019 | 20:00

Pavle Kamiloski 1200x800 150dpi.jpg

Декемвриската магија станува уште побогата, а новогодишната еуфорија поприсутна со случувањето на музичкиот проект “Come fly with me" Со Павле Камилоски. Овој проект за прв пат ќе се случи на територијата на нашата земја како предновогодишен музички настан на 26.12.2019 година, со почеток од 20 часот.
Основната идеја на проектот е воздигнување на љубовта и збогатување на скопскиот предновогодишен и божиќен дух преку прекрасните и заводливи евергрини и новогодишни песни на големите Франк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бубле и останати, препеани со нови аранжмани.
По успехот кој го постигна со своето ремек дело “Мала Италија патува”, Павле Камилоски, баритонот награден со меѓународно признание од Неапол, Италија, “Амбасадор на Италијанската музика за 2019 година” во Источна Европа, цели кон воспоставување на ниво на културни настани во светски рамки со организација, изглед, перформанс, атмосфера и музичка изведба.
Оваа поинаква вечер ќе оддаде почит кон едни од најслушаните артисти и љубовта во секоја смисла на зборот преку лична, оригинална изведба на евергрините, додека нејзиниот звук нежно ќе танцува низ градските светилки.

Организатор и извршен продуцент Катерина Стевковска

Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

Билетите за првиот ред од партерот, прва и втора галерија се купуваат од билетарницата во МНТ, а останатите билети од партерот можете да ги купите и преку онлајн системот на МНТ www.mnt.mk

*Цената на билетите е следна:

- ВИП цена за првиот ред од партерот - 1.200,00 ден. (за 2 купени билети следи гратис вино)
- За останатиот дел од партерот цената е - 900,00 ден.
- Прва галерија - 700,00 ден.
- Втора галерија - 500,00 ден.

Повеќе информации на тел. +389.2.3230.304

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    120 минути
  • Изведбата е
    без пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?