Репертоар

#СОНУВАМЕМЕНУВАМЕ vol. 4

Петок, 27 Декември 2019 | 18:00
SonuvameMenuvame_MNT_web_800x1200 .jpg

Сонуваме. Менуваме. оваа година своето 4-то издание ќе го има во Македонскиот народен театар со 15 изведби на инклузивните концерти на омилените 5+ фамилија и лица со пречки во развојот. Проектот е дел од општествено одговорните активности на Стопанска банка АД – Скопје и е насочен кон промоција на инклузијата на лицата со попречености во сите сфери на општеството. Преку музички исполнет концерт милениците на детските генерации последните 10 години 5+ фамилија ќе зборуваме за пријателството, соновите, желбите и плановите на децата и како тие се исти за сите и дека не треба да се разликуваме и раздвојуваме, напротив треба да сме сплотени и заедно да создаваме подобар свет за сите.

Продажбата на билетите започнува од 05.12 за сите термини.

Цена на билет: 200,00 ден. а приходите од продажбата ќе бидат искористени за реализација на донации за здруженијата на лица со посебни потреби преку Стопанска банка АД – Скопје.

 

АКТЕРСКА ЕКИПА

Билјана Драгиќевиќ Пројковска

Сања Арсовска

Игор Ангелов

Зоран Љутков

Ивана Павлаковиќ

Сара Климоска

Марија Кондовска

Чедомир Митевски

Марјан Наумов

Изабела Јакимова

Матеа Јанковска

Александар Матовски

Кристијан Лазарев

Тина Јакимовска

Филип Величковски




КРЕАТИВЕН ТИМ И ТЕХНИЧКА ЕКИПА


Режисер: Сандра Ѓеоргиева
Сценарио: Сандра Георгиева по идеа на Билјана Црвенковска
Стручен соработник: Дејан Пројковски
Сценограф и костимограф: Снежана Поњевиќ Муча, Андреј Георгиев
Композитор: Мите Димовски
Извршен продуцент: Илија Тирицовски
Лектор: Билјана Петреска




 

Концерти на 5+ фамилија и лица со пречки во развојот
  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    65 минути
  • Изведбата е
    без пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk