Купи билет он-лајн

Јелена Јованова

Јелена Јованова е роденa на 21 октомври 1984 г., во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владо Цветановски, во 2007 г. Од 2009 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

 

  • Селективна театрографија
    • Рокси Харт (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб и Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • (Декамерон, 2012), автор: Џовани Бокачо, режисер: Боњо Лунгов, копродукција: Македонски народен театар и Театар за деца и младинци - Скопје;
    • Хасанагиница (Хасанагиница, 2012), автор: Љубомир Симовиќ, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: Народен театар, Штип;
    • Хани (Кој се плаши од Вирџинија Вулф, 2012), автор: Едвард Олби, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
    • Милена (Семејни приказни, 2011), автор: Биљана Србљановиќ, режисер: Ивана Ангеловска, продукција: Вондерленд театар;
    • Ајрон (Класен непријател, 2011), автор: Вилијамс Најдал, режисер: Васил Христов, продукција: Вондерленд театар;
    • Алекс (Темпирана опера, 2010), автори: Бертолт Брехт и Ентони Барџис, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Евдокија (Буре барут, 2010), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Марија (Тупаница полна со љубов, 2010), автор: Дејан Дуковски, режисер: Санди Лопичиќ, копродукција: Македонски народен театар и Berlin festival for special music plays „Open Op“;
    • Елена (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Ана (Госпоѓа министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • Магда (Вејка на ветрот, 2008), автор: Коле Чашуле, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Петруњела (Дундо Марое, 2008), автор: Марин Држиќ, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: Дубровнички летни игри;
    • Пациент (Мара/Сад, 2008), автор: Петер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Елена (Големите очекувања, 2007), автор: Ана Ристоска, режисер: Јован Ристовски, продукција: Македонски народен театар;
    • Марица (Сомнително лице, 2007), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
    • Дебора (Сексуални перверзии во Чикаго, 2007), автор: Давид Мамет, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Драмски театар, Скопје;
    • Јулија (Госпоѓица Јулија, 2006), автор: Август Стриндберг, режисер: Јован Ристовски, продукција: Народен театар, Штип;
    • Бисера (Демонот од Дебар маало, 2006), автор: Горан Стефановски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Драмски театар, Скопје;
    • Бледа (Збогум Јудо, 2006), автор: Иренеуш Иридињски, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар, Штип;
    • Филомена (Метаморфозис, 2005), автор: Публиј Насон Овидj, режисер: Миха Голоб, продукција: Народен театар, Штип;
    • Дулчинеа (Дон Кихот, 2005), автор: Мигел де Сервантес, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Народен театар, Штип;
    • Мери (Лекција, 2005), автор: Ежен Јонеско, режисер: Перо Данилов, продукција: Народен театар, Штип;
    • Меги (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Каферти, режисер: Филип ле Моан, продукција: Македонски народен театар.
  • Селективна филмографија
    • Бани (Еј, 2018), автор и режисер: Васил Христов;
    • Вера (El desentierro, 2018), режисер: Начо Руиперез;
    • Јована (Црно и бело, краток филм, 2018), режисер: Сандра Ѓоргиева;
    • Светлана (Злогоње, 2018), режисер: Рашко Миљковиќ;
    • Надире (Железната приказна, краток филм, 2017), автор и режисер: Златко Калеников;
    • Полицајката (Устав на Република Хрватска, 2016), автор и режисер: Рајко Грлиќ;
    • Мајка (Дете, краток филм, 2016), автор и режисер: Радован Петровиќ;
    • Миш (Ckopa, краток филм, 2015), автор и режисер: Џејмс Ханикaт;
    • Еврејска мајка (Трето полувреме, 2012), автор и режисер: Дарко Митревски;
    • Паган (Скопје Ремиксд, 2012), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ;
    • Есма (Во земјата на крвта и медот, 2011), автор и режисер: Анџелина Џоли;
    • Јасмина (Како да ме нема, 2010), според авторско дело на Славенка Дракулиќ, режисер : Хуанита Вилсон (ирско-македонска-босанска копродукција);
    • Таа (Мојот живот – мој фил, комерцијален краткометражен филм, 2009), автор и режисер: Васил Христов.                                                
  • Награди
    • Награда за актерка за 2010 и 2016 г. на „Златна Бубамара на популарноста“;
    • Награда за надежен млад актер во 2002 г.

     

  • Дополнителни информации ТВ-серии:
    • Искра (Инсајдер, 2017);
    • Милена (На терапија, 2017), режисер: Вардан Тозија, продукција: Кино око;
    • Јелена (Преспав, 2016 - ), продукција: ОХО;
    • Надија (Кај пукнало да пукне, 2015), автори: Владо Булиќ и Мирна Миличиќ;
    • Марина Франич (Тајни), продукција: РТЛ и Фремантле продукција, Загреб (140 eпизоди прва сезона).
     
    Работилници:
    • Кастинг-работилница со Ненси Бишоп во Сараево, 2010 г.;
    • Работилница на Сараевскиот филмски фестивал, со Леон Лучев;
    • „Будење на телото“ со Александра Кочова, кореограф.

    Останато:

    • Работи на надсинхронизација на цртани филмови, ТВ и радиореклами;
    • Учеството на хрватското шоу „Танц со ѕвездите“;
    • Учество на Сараево Филм Фестивал, Торонто Филм Фестивал – 2010 г., Каиро Филм Фестивал (2009 и 2010).

     

  • Име Јелена
  • Презиме Јованова
  • Година на раѓање 1984
  • Пол Женско
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?