Купи билет он-лајн

Кире Ѓоревски

Кире Ѓоревски е роден на 6 мај 1982 г., во Битола. Дипломирa на Националната академија за театар и филм „Крсто Сарафов“, Софија, отсекот за пантомима и комедија 'Дел Арте во класата на доц. д-р. Александар Илиев и Александра Хонг, во 2006 г. Во 2008 г. дипломира на НОМАД танцова академија (Академија за современ танц), а во 2012 г. и на - Национална академија за театар и филм „Крсто Сарафов“отсек за актерско мајсторство за драмски театар, во класата на проф. Маргарита Младенова и проф. Иван Добчев. Од 2014 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
  • Селективна театрографија
    • (Најкратки драми на светот, 2019), разни автори, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
    • Муни (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
    • Димитар Општи (Набљудувачите, 2018), автор: Константин Илиев, режисер: Јавор Грдев, продукција: Театар „Иван Вазов“ - Софија;
    • Сем Кармајкл (MAMMA MIA!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар – Скопје и Проспот - Словенија;
    • Пијаницата, Клајк (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Олег (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
    • Полицаец (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
    • Војник, Писател, Санитарец (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Полицаец (Тероризам, 2015), автори: Олег и Владимир Прешњаков, режисер : Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
    • Свето, Ѓоре Лудиот, Мане (Буре Барут, 2014), автор: Дејан Дуковски, режисер: Ана Батева, продукција: Младински театар „Николаи Бинев“, Софија;
    • Ромео (Ромео и Јулија, 2013), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Петар Денчев, продукција: Театар „Гео Милев“, Стара Загора;
    • Актер Луцијан, Хамлет (танц 2012/2013), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Јавор Грдев, продукција: Народен театар „Иван Вазов“, Софија;
    • Перо (Црна дупка, 2012), автор: Горан Стефановски, режисер: Иван Добчев, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • Маркизот Д’Орсињи (Животот на Молиер, 2012), автор: Михаил Булгаков, режисер: Александар Поповоски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Анданте 2012- Скалите, Љубов, Анданте), автор: Људмила Петрушевска, режисери: Албена Георгиева и Стилијан Петров, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • Свидригајлов (Злосторство и казна, 2011), автор: Фјодот Михајлович Достоевски, режисер: Иван Добчев, продукција: ТР „Сфумато“, Софија;
    • Учител, церемонијал мајстор и судија (Леонс и Лена, 2010), автор: Георг Бјухнер
    • режисер: Владимир Петков, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • (Колаж по поезија, 2010), автор: Ѓ. Господинов, режисер: Маргарита Младенова, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • Црниот Монах (Црниот Монах, 2009), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Марион Дарова, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • Едгар (Танцот на смртта, 2009), автор: Август Стринберг, режисер: Марија Атанасова, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • Tирезиј (Антигона, 2008), автор: Софокле, режисер: Маргарита Младенова, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија ;
    • (Моноспектакл „Homocanis“, 2008), режисер: Кире Ѓоревски, Фабрика РОГ, Љубљана;
    • (Моноспектакл „Rewind or Forward 2“, 2007), режисер: Кире Ѓоревски;
    • Мањифико, (Анима Алегра-Комедија дел Арте, 2006) режисер: Александар Илиев, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • (Моноспектакл „Rewind or Forward“, 2006) режисер: Кире Ѓоревски;
    • Волк (Станица Астапово), автор: Лав Толстој, режисер: Иван Добчев, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • Сергеј Ефрон/Серјожа (Станица Елабуга, 2005/2006), автор: Марина Цветаева, режисер: Маргарита Младенова, продукција: Театар „Крсто Сарафов“, Софија;
    • Инвалид (Незавршен танц, 2005), режисер: Вељо Горанов, продукција: Театар „Солза и смеа“;
    • Свињар (Свињарот и принцезата, 2004), автори: Ханс Кристијан Андерсон и Александар Морфов, режисер: Марија Банева, продукција: Народно читалиште „Славјанска Деседа“.
  • Селективна филмографија
    • Мартин (Дома, краткометражен филм, 2016), режисер: Тања Тодорова;
    • Антон (May be it's the proper thing to do, краткометражен филм, 2016), режисер: Веселин Зографов;
    • Студент (Жената на мојот живот, 2015), режисер: Антони Дончев;
    • Марко (Деца на сонцето, 2014), режисер: Антонио Митриќески;
    • Давид (Dreamlend, 2013), режисер: Петра Биондина Волпе;
    • Бугарски офицер (Трето полувреме, 2012), режисер: Дарко Митревски;
    • Непознатиот (Мизантропија, 2011), режисер: Тони Стоев;
    • Томи (Последниот воз, краткометражен филм, 2010), режисер: Горан Костадинов;
    • (Глуварче, 2009), режисер: Игор Христов;
    • Мики (Сенки, 2007), режисер: Милчо Манчевски;
    • Патникот (Зошто го направив мојот грев, 2007), режисер: Илија Пиперковски;
    • Кире (Боли ли, 2006) прв балкански догма филм, режисер: Анета Лешниковска, продукција: AKA film and concordia pctures Македонија - Косово и Холандија;
    • Студент на Сократ (Превртена елка, 2006), режисери: Иван Черкелов и Борис Живков.
  • Дополнителни информации

    ТВ серии:

    • Пријателот на Владо (На терапија, 2017);
    • Српски капетан (Дрвото на животот, 2013);
    • Филип (Undercover, 2011).

     

    Останато:

    • Учество во рекламни спотови.
  • Име Кире
  • Презиме Ѓоревски
  • Година на раѓање 1982
  • Пол Машко
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?