Купи билет он-лајн

Николина Кујача

Николина Кујача родена е на 30 мај 1974 г., во Струга. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на oдделот за актерска игра, во класата на проф. Кирил Ристоски, во 1999 г. На професионалната сцена дебитира од 1996 г., а во Македонски народен театар - Скопје е од 2006 г.
  • Селективна театрографија
     
    • Воскресија (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
    • Марија Лукјанова (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
    • Жената (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
    • (Животот на Молиер, 2012), автор: Михаил Булгаков, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Барбара/Мара (Парите се отепувачка, 2011), надридрама инспирирана од драмата на Ристо Крле и романот Деветта конфигурација на Вилијам Питер Блати, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
    • Грофицата (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомарше, режисер: Леван Цуладзе, продукција: Македонски народен театар;
    • Кресида (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Сузане (Фигаро се разведува, 2008), автор: Еден фон Хорват, режисер: Куштрим Бектеши, продукција: Македонски народен театар;
    • Шарлот Кордеј (Мара/САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Сара (Среќните денови на љубовникот, 2007), автори: Семјуел Бекет и Харолд Пинтер, режисер: Нелко Нелковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Арманда (Една вечер со..., 2006), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Македонски народен театар;
    • Аника (Близок град, 2006), автор: Маркус Иваскевициус, режисер: Миодраг Маѓар, продукција: Македонски народен театар;
    • Неда (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковки, продукција: Македонски народен театар;
    • Невена Кирова (Белите коњи, 2003), автор: Петре Бакевски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар;
    • Aктерка (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски , режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Марија (Диво месо, 2000), автор: Горан Стефановски, режисер: Александар Поповски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Жената предавство (Мисија, 1998), автор: Хајнер Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Сестрата (Маме му ебам кој прв почна, 1997), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Дуњаша (Вишновата градина, 1997), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Горгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Џени (Опера за три гроша, 1996), автор: Бертолт Брехт, режисер: Владо Цветановски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп.
  • Селективна филмографија
    • Неона (Еј, 2018), автор и режисер: Васил Христов;
    • Мајката на Петар (Кога денот немаше име, 2017), сценарист и режисер: Теона Стругар Митевска;
    • Сара Росман (Ослободување на Скопје, 2016), сценарист: Душан Јовановиќ, режисери: Данило Шербеџија и Раде Шербеџија;
    • Мирсада (Како да не сум таму, 2010), сценарист и режисер: Хуанита Вилсон;
    • Сафо (Јас сум од Титов Велес, 2007), сценарист и режисер: Теона Стругар Митевска;
    • Нате (Стрмоглави 2006), сценарист: Томислав Османли, режисер: Маја Младеновска;
    • Сопругата на Аритон (Големата вода 2004), сценаристи: Живко Чинго и Иво Трајков, режисер: Иво Трајков;
    • Неда (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
    • Невестата (Добродојдовте во Сарајево, 1997), сценарист: Мајкл Николсон, режисер: Мајкл Винтерботом.
  • Награди
    • Награда за најдобра женска улога на фестивалот „Денови на сатира“, Загреб, за улогата на Марија Лукјанова во „Животот е прекрасен“, 2017 г.;
    • Награда на европскиот филмски фестивал Синесон за улогата на Сафо во филмот „Јас сум од Титов Велес“, 2008 г.;
    • Награда за најдобра споредна улога на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Неда во претставата „Црнила 005“, 2006 г.;
    • Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп за улогата на Сестрата во претставата „Маме му ебам кој прв почна“, 1997 г.
  • Дополнителни информации

    Асистент на режисерот:

    • Ничија земја, 2017, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар – Скопје.

    Останато:

    • Член на уметничкиот совет при Македонски народен театар.
  • Име Николина
  • Презиме Кујача
  • Година на раѓање 1974
  • Пол Женско
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?