100-та изведба на „Свадбата на Фигаро“

Почитувани,

На 22 февруари во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар по 100-ти пат ќе се одигра „Свадбата на Фигаро“ една од најгледаните претстави во изминатите години. 
Претставата „Свадбата на Фигаро“ во режија на Леван Цуладзе а по текст на Пјер Бомарше беше премиерно изведена на 22 јули 2011 год.

100та изведба на Фигаро


За јубилејната 100-та изведба МНТ на публиката ќе и овозможи слободен влез а билетите може да ги подигнат во текот на денот, на секој гледач му следуваат по два билета.
Да наздравиме за Le Figaro!

Играат: Сашко Коцев, Нино Леви, Дарја Ризова, Драгана Костадиновска, Славиша Кајевски, Николина Кујача, Сашка Димитровска, Томе Витанов, Марија Новак, Ивица Димитријевиќ и Александар Михајловски.

Срдечно,
НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk