75 години МНТ
107 години од раѓањето на Василие Поповиќ - Цицо (12.02.1914 – 10.12.1962)
Василие Поповиќ-Цицо е автор без чија креативност, луцидност, шегобијност и сатиричност е тешко да се замисли македонската уметничка и театарска сцена. Неговата ширина на творечки подрачја го прави исклучителен — прв вистински карикатурист кај нас и автор на корицата на првиот буквар на македонски јазик, првиот грб на град Скопје и НР Македонија. Еден е од основоположниците на театарската сценографија — вработен во Народно позориште „Краљ Александар I“, Скопје од 1938 до 1941 година и од 1945 година во Македонскиот народен театар, каде што останува до крајот на животот. Светот го имаше Волт Дизни, а ние Цицо – автор на безброј карикатури, 30 сценографии и 14 костимографии во МНТ, човекот кој напамет го знаел делото „Сирано де Бержерак“, а често го читал Антон Павлович Чехов!
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?