Сите сме птици
Белградско драмско позориште гостува во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар на 4 и 5 октомври со почеток во 20:00 часот ќе гостува Белградско драмско позориште од Белград со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а  во режија на Жанко Томиќ.
„One flew east, one flew west, one flew over cuckoos nest“ е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградско драмско позориште во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот.
Главниот лик на Редни П.  Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а останатите актери се: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.
Сценографијата за претставата е дело на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, композитор е Александар Симиќ, на сценските борби работеше Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги.
Оваа драма е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога.
Премиерната изведба на претставата на БДП беше на 5 ноември 2005 година на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белградско драмско позориште. Времетраењето е 140 минути со пауза.
Признат од критиката како еден од најдобрите филмови во историјатот на кинематографијата, „Лет над кукавичкото гнездо“ (1975) на Милош Форман го освои Оскарот за најдобра режија и најдобар филм, за главна женска улога која ѝ припадна на Луиз Флечер, и наградата за машка улога на Џек Николсон за главниот лик на Редни П. Мекмарфи.
Билетите се достапни онлајн преку веб-страницата, како и на билетарницата во Македонскиот народен театар.


РСМ НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?