Горчливите солзи на Петра фон Кант
Дарја Ризова повторно најдобра регионална актерка - овој пат на Фестивалот на актерот во Коњиц - БиХ

На деветтиот  Фестивал на актерот во Коњиц на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, РС Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра регионална актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.

 

РСМ НУ Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?