Горчливите солзи на Петра фон Кант
IN MEMORIAM РИСТО СТЕФАНОВСКИ (1928 - 2022)
 
Македонскиот народен театар со големо жалење ја прими веста за ненадејното заминување на Ристо Стефановски, долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. Роден е во 1928 година, во Скопје. По завршувањето на театарската школа, студирал и организација на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Одиграл 14 улоги: од Поцко во „Чорбаџи Теодос“ (1945), преку Зија во „Гоце“ (1951), Тренко во „Македонска крвава свадба“ (1953), Офицер во „Отело“ (1954), Френсис Нерс во „Вештерките од Салем“ (1955), Петров во „Оклопниот воз 14-69“ (1957), до Иван Петрович Восмибратов  во „Шума “ (1959).
 
Стефановски во аналите на Македонскиот народен театар ќе остане засекогаш не само како актер, но и како човек кој го раководеше театарот во неговиот значаен период од 1983 до 1988 година. Дел од историјата на МНТ е запишана од Стефановски во книгите кои се однесуваат на театарот и кои сведочат за годините наназат.
 
Нека почива во мир!

 

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?