Информација за презакажана претстава
Почитувани,

Поради одлуката на Владата на РСМ, во врска со XXX министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 29 и 30 ноември 2023 година во Скопје, изведбите на претставата „Бесачи“ закажани на 29 и 30 ноември се откажуваат поради неработните денови.
Изведбата на претставата се презакажува за 1 декември, а сите посетители кои билетите ги купија преку онлајн-системот ќе бидат директно контактирани и известени.
Воедно ја информираме и публиката за купените билети на билетарницата во МНТ каде што ќе ѝ бидат заменети за 1 декември 2023 год.

Со почит,
РСМ НУ Македонски народен театар 
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk