75 години МНТ
Изложба - Сценска тишина

Во годината во која Македонскиот народен театар ја слави својата 75-годишнина, период доволно долг за испишување на историја и достојно одбележување, светот, а со тоа и културата, се соочија со голема пандемија. Театарот остана без верната публиката, актерот не е на сцената, текстот е неизговорен. Остана тишината. Изложбата „Сценска тишина, во продукција на МНТ, претставува желба и мотив театарот да се врати на сцената каде што ѝ припаѓа. Односно обид да се реконструираат претставите кои се на тековниот репертоар на МНТ преку костими, сценографија и/или реквизити. Театарската претстава како нужно врзана за времето и просторот во кој се одржува, постои единствено во времето во кое се одигрува. Поради тоа денес сцената е празна, но останува театарската светлина, мигот/сеќавањето за погледната претстава и поттикот да се посети непогледнатата претстава. Низ фотографиите и видеото на Драган Гајиќ се раскажува за моќта на актерот, концептот на режисерот, приказната на авторите и креативноста на авторите на сценографијата и на костимографијата. Низ изложбата, работена по идеја и во реализација на Ивана Јарчевска и Мила Анѓелковиќ, прикажани се костими во кои играат актерите на МНТ, сценографиите на: Никола Тороманов, Илина Ангеловска, СвенЈонке, Костантин Трпеноски, Вишња Вујовиќ, Лоренцо Банчи, Владимир Жерновски и Валентин Светозарев; и костимографиите на: Марија Пупучевска, Илина Ангеловска, Снежана Пешиќ-Раиќ, Свила Величкова, Роза Трајческа-Ристовска, Ивана Каранфиловска-Угуровска, Александар Ношпал, Мануела Паладин, Лидија Георгиева, Кокев и Кадриу, Елена Пандева, Антонија Гугинска-Јорданоска и Елена Вангеловска.

Поради состојбата, изложбата е единствено онлајн во вид на фотографии и како видео – објавено на јутјуб-каналот на МНТ.

Идеја и реализација: Ивана Јарчевска и
Мила Анѓелковиќ
Фотограф и видео реализација: Драган Гајиќ
Дизајнер на видео ефекти: Илија Цветковски
Дизајнер на каталог: Димитар Димитров
Гардеробери: Валентина Чонкова и Скендер Бериша
Реквизитери: Соња Крстевска и Боби Гелиќ
Светло - мајстор: Игор Ѓеоргиев
Светло - оператор: Горјан Темелкоски
Техничка поддршка: Ангел Петровски и Ненад Трпеновски
Координатор на сценска техника: Ивица Урдаревиќ
Манипуланти на горен и долен погон: Горан Димов, Васко Бојаџиски и Трајче Тасевски
Декоратери: Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Павле Кралевски, Мартин Китановски, Саво Ивановски, Едмонд Хајредин, Дурмиш Сефер, Ибраим Рамани, Хусеин Халили, Нерхан Османовски, Закирија Алими, Неџат Асан и Бурхан Муареми.


Директор
Симона Угриновска

Декември 2020 година.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/mntmk/public_html/administrator/components/com_acymailing/classes/fields.php on line 1228


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/mntmk/public_html/administrator/components/com_acymailing/classes/fields.php on line 1228