Горчливите солзи на Петра фон Кант
Македонскиот народен театар го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Македонскиот народен театар на 3 јуни го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Со особено задоволство ја прифативме поканата од селекторот на фестивалот, Иван Додовски, да учествуваме на овој реномиран театарски фестивал, кој во годините наназад како и денес на вистински начин знаел да ги негува естетските вредности.

Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“, која ќе се одигра во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

РСМ НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?