МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР УЧЕСТВУВА НА 58. МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Македонскиот народен театар на 8 јуни со претставата „Иванов“ од авторот А. П. Чехов, а во режија на Зоја Бузалковска, ќе учествува на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

Следниот ден, на 9 јуни, ќе се одржи промоција на театарска и театролошка литература -  „Иванов 1887/1889: две верзии“, А. Чехов, на која ќе говори: главниот уредник - Зоја Бузалковска, а потоа следи и тркалезна маса.

Во официјалната фестивалска програма, која ќе трае од 7 до 14 јуни 2024 год., ќе учествуваат единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма.

Улогите во претставата „Иванов“ ги играат: Благој Веселинов, Драгана  Костадиновска/Софиа Насевска-Трифуновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Исидор Јовановски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ, Синан Ракиповски и Енис Билаловиќ.
Исто така, традиционално во рамките на фестивалот ќе се додели и наградата за животно дело за актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности при УКИМ од Скопје (во пензија), Мими Таневска-Србиновска, која својата уметничка кариера ја помина токму во Македонскиот народен театар.

РСМ НУ Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk