Горчливите солзи на Петра фон Кант
МНТ со „Последната лента на Крап“ на  19. ИФАД „Стоби“ 
Вечерва со почеток во 19:00 часот на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Велес, 
во офф-програмата на ИФАД „Стоби“, членот на жири-комисијата, Ѓорѓи Јолевски, ќе настапи со монодрамата „Последната лента на Крап“. 
 
Оваа година, 19. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври, а покрај официјалната натпреварувачка програма, вклучена е и придружна офф-програма. 
 
Монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, изминатиот период гостуваше и на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Р Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Р Хрватска. 
 
РСМ НУ Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?