МНТ со „Животот е прекрасен“ на 41-то издание Денови на сатирата во Хрватска

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов гостува на Денови на сатирата во Загреб на 18 јуни со почеток во 20 часот на големата сцена во Хрватско народно казалиште.

На 2 јуни оваа година се отвори 41-то издание Денови на сатирата Фадел Хаџиќ во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух. Овој познат фестивал кој секогаш бил многу посетен и се темели на претстави со висок жанровски и стилски распон, со моќна присутност на хрватски автори и авторски проекти.

Од вкупно 47 пријавени претстави, селекторите се одлучија за 15 наслови/претстави кои ја сочинуваат овогодинешната програмата, составена од дела на современи автори и авторски проекти, но застапени се и адаптации на класиците. Во селективната програма е и Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов која настапува на 18 јуни со почеток во 20 часот на големата сцена во Хрватско народно казалиште.

„Времето ја обликува сатирата и го одредува времето каде настанала/формирала, таа ги шири границите и поставува непријатни прашања, и таа е место каде за Деновите на сатира се среќаваме и театарски ги прегледуваме проблемите кои не мачат“ кажа комисијата. Гледајќи ги пријавените претстави комисијата создала релевантна слика за тоа што се случува на хрватската сцена и сцената на театрите во регионот, затоа селектирала 15 претстави. Она што оваа година е новитет е присутноста на политичката сатира, но не само тоа, авторите на претставите овој пат одбрале современи текстови, а тоа би бил еден заеднички именител на овие Денови на сатира, изјави селекторката на фестивалот Жељка Удовиќ – Плештина.

Во програмата на 41-то издание Денови на сатарата ќе бидат одиграни шест хрватски претстави, три словенски, две од Србија, една од Македонија, Германија и Црна Гора, а една од претставите е српско-црногорско-унгарска копродукција.

Автори на претставите се: Семуел Бекет, Ричард Беан, Бобан Скерлиќ, Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мате Матишиќ, Арпад Шилинг, Иван Видиќ, а режисерски ги потпишуваат Саша Божиќ, Винко Брешан, Јануз Кица, Кокан Младеновиќ, Милан Нешковиќ, Вито Тауфер, Игор Вук Торбица. Организаторите на фестивалот очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници, затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фадел Хаџиќ“, а оценката за нјадобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во Вечерен лист, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.

Душко Љуштина, директорот на Сатиричниот театар Керемпух, изјави дека од далечната 1976 година, секоја наредна година, претставите на најдобар можен начин ја промовираат сатирично-комедиографската литература. „Фестивалот оваа година е три пати поскап, па тоа веројатно значи дека е најдобар до сега“, изјави Љуштина.

Освен во Керемпух, програмата Денови на сатира ќе се реализира и во Хрватско народно казалиште и во казалиште за млади, Загреб.

Срдечно,

НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk