Награди - 53. МТФ Војдан Чернодрински
Почитувани,
На затворањето на 53. фестивалско издание, МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, се доделени наградите. Според едногласниот став и оценка на жири комисијата (во состав Јасна Новаков, Мими Таневска-Србиновска и Драган Спасов-Дац) меѓу добитниците се и актерите кои на 8 јуни го отворија 53. фестивалско издание со претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов, а во продукција на МНТ.
Актерот Сашко Коцев ја доби наградата за најдобара машка улога - улогата на Чики, наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ ја доби актерот Гораст Цветковски - за улогата на Рамбо, а наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Александар Михајловски - за улогата на Нино.
Жири комисијата ја додели и наградата за најдобра сценографија за истоимената претстава, на сценографите Никола Тороманов и Валентин Светозарев.
http://www.mtf.com.mk/2018/index.php?mn_sel=awards