Само глас
„Отело“ на 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“
 
Отворањето на 18. Интернационален фестивал на античка драма се случи на 3 август со премиeрната изведба на претставата „Орестија“.
Традиционално во летните периоди на древната сцена во „Стоби“ се изведуваат театарски текстови од најпознатите антички драматурзи и се доделува награда за најдобра претстава, награда за режија и награди за најдобри актери. Во годинешната програма која ќе трае две недели, ќе бидат застапени две странски и четири домашни продукции, вклучително и петнаесет културни настани како што се: изложби, промоции на книги и филмски проекции под отворено небо.
„Отело“ на режисерката Нина Николиќ, а во копродукција на Македонски народен театар и БНП — Зеница ќе биде одиграна на фестивалското затворање на 17 август со почеток во 21 часот. Поради комплексноста, истата ќе биде изведена на сцената во „Театар Џинот“ – Велес. Претставата се игра во проза на два јазика, македонски и босански. Како што вели и режисерката Николиќ, пристапот кон текстот ги  разработува и денешните актуелни, свежи и безвременски теми.
Шекспировата трагедија „Отело“, по премиерната изведба на 16 ноември во БНП, Зеница - БИХ, беше премиерно одиграна и пред скопската публика на 4 декември 2019 година, а по изведбата во рамките на „Скопско лето“, ова за претставата е второ фестивалско претставување.
Во претставата играат актерите од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед.
Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимограф, а на сценските движења работеше Димитриос Сотириу, текстот го преведоа Маја Трајаноска-Ивановска и Зина Агиќ, Крис Јегер работеше на дизајнот на светло, а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев.
 
Со почит,
 
РСМ НУ Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?