Горчливите солзи на Петра фон Кант
Порака по повод Светскиот ден на театарот - 27 март 2022
Порака по повод Светскиот ден на театарот - 27 март 2022
Автор на светската порака: Питер Селерс, САД

Драги пријатели,
Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот простор и перспектива на епско време, епска промена, епска свесност и епска визија? Ние живееме во епски период и човечка историја, со длабоки и последични промени во кои ги искусуваме меѓусебните релациите типични за човечките суштества; и оние, кон нечовечките светови кои се над нашите способности да ги досегнеме, да ги артикулираме, да зборуваме за нив и да ги изразиме.
Ние не живееме во 24 часовниот циклус на вестите, ние живееме на работ на времето. Весниците и медиумите се целосно не екипирани и неспособни да се справат со она што ние го доживуваме.
Каде е јазикот, што се движењата и што се сликите кои можат да ни овозможат да ги разбереме длабоките преминувања и вознемирувања кои ги доживуваме? И како можеме да ги премостиме содржините на нашите животи, токму сега, но не како репортажи туку како доживувања?
Театарот е уметничка форма на доживување.
Во светот преоптеретен од празни пресс кампањи, симулирани искуства, одвратни прогнозирања, како да се издигнеме над бесконечното повторување на броеви за да го искусиме квалитетот и едноставноста на животот, суштината на екосистемот, пријателството, квалитетот на светлината на чудното небо? Две години КОВИД-19, кој ги отапе сетилата на луѓето, го ограничи животот на луѓето, ги скрши врските, и не постави на чудна нулта точка во човечкиот хабитат.
Кои семиња се потребни да се посадат и повторно насадат во овие години, и што е надраснувањето на инвазивните видови кои потребно е конечно и засекогаш да се отстранат? Толку многу луѓе се на работ. Толку многу насилство проникнува, ирационално или неочекувано. Толку многу етаблирани системи се покажаа како структури на перпетуална суровост.
Каде се нашите церемонии на сеќавањето? Што ни е потребно за да запамтиме? Кои се ритуалите кои ни овозможуваат конечно и повторно да ги замислиме истите, и да почнеме да ги вежбаме чекорите кои никогаш претходно не сме ги направиле?
Театарот на епската визија, цел, обнова, исцелување и грижа има потреба од нови ритуали. Нам не ни треба да не забавуваат. Нам ни треба да се собереме. Ни треба да споделиме простор, и ни треба да го култивираме споделениот простор. Нам ни требаат заштитени простори за длабоко слушање и балансирање.
Театарот е креација на земјата, простор на баланс помеѓу луѓето, боговите, растенијата, животните, капките дожд, солзите и регенерацијата. Просторот на еднаквоста и длабокото слушање е осветлено од скриената убавина, која се одржува жива во длабока интеракција со опасноста, балансот, мудроста, активноста и трпението.
Цветот на орнаментираната Сутра на Буда содржи десет видови на големото трпение во животот на човекот. Една од најмоќните се нарекува Стрпливост и Перцепирање на Се’ како чудо. Театарот отсекогаш го претставувал животот на овој свет како чудо, овозможувајќи ни да прогледаме низ човечката илузија, дезилузија, слепило, и одрекување со ослободувачка јасност и сила.
Ние сме толку сигурни во тоа што го гледаме и на начинот на кој го гледаме тоа, така што не сме способни да видиме и почувствуваме поинакви реалности, нови можности, различни пристапи, невидливи поврзувања и безвременски конекции.
Ова е време за длабоко освежување на нашите умови, сетила, нашата имагинација, нашите истории и нашите иднини. Оваа работа не може да ја направат изолирани луѓе кои работат сами. Оваа работа треба да ја направиме заедно. Театарот е покана да ја направиме оваа работа заедно.
Длабоко Ви благодарам за Вашата работа.
Питер Селерс (27.03.2022)
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?