Горчливите солзи на Петра фон Кант
Повик за детска работилница
 
Македонскиот народен театар во соработка со издавачката куќа Гаврош ги кани сите заинтересирани „големи и мали“ деца на работилницата „Насликај ми приказна, раскажи ми слика!“ - основи на визуелното и вербалното раскажување во сликовниците за деца.
 
Возраст: 5+
Датум: 07.05.2022
Време: 11:00 -14:00 часот
Место: РСМ НУ Македонски народен театар
 
Како се прави сликовница?
Постои ли книга без текст?
Што е „јунак”?
Што е корица?
Како се раскажува со зборови, 
а како со слики?
Како зборовите и сликите заеднички ја прават сликовницата како целина?
Можеме ли да направиме сликовница за 3 часа?
 
Работна програма:
• Вовед 30 мин
• Создавање на приказни (низ игра) 40 мин
• Цртање илустрации 80 мин
• Изработување на корици 30 мин
• Во нашата библиотека
• Презентација и заклучоци
 
Овој настан е продолжение на првата работилница одржана во Malo pozorište „Duško Radović“ во Белград, Србија и е дел од меѓународниот проект Патиштата на хероите. Работилницата ќе ја предводат Ника Гавровска (уредник и автор на сликовниците „Бел“ и „Бамбино“) и илустраторката Наташа Андонова.
 
ВАЖНО! Бројот на места е ограничен на 14 деца, па своите пријави пратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 05.05.2022
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?