75 години МНТ
Премиера на монодрамата „Последната лента на Крап“
На 30 декември на малата сцена во МНТ со почеток во 12:00 премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба и режија на првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски. 
Претставата е во продукција на Ѓорѓи Јолевски во ко-продукција со Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Извршен продуцент е Никола Кимовски.
Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска – Угуровска.
На светло дизајнот работеше Дарко Младеновски во соработка со светло – операторот Игор Митревски, а на дизајнот за тон - Ненад Трпеноски.
"Последната лента на Крап" е претстава за еден осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти. Меѓу нив една лента има посебно место: таа што се наоѓа во Кутија три - ролна пет! На неа е снимен тој, средовечниот Крап, пред цели 30 години, одамна минато време, каде што зборува за уште подалечни, а клучни  настани од својот одамна изминат младешки свет, за изгубената љубов, за смртта на неговата мајка, за илузиите и неуспешната кариера. А, стариот Крап, сега има амбивалентен однос кон тоа што го слуша. Ова е претстава за изолацијата, за стареењето, за кревкоста на сеќавањето, нашиот комплексен однос со технологијата, во еден свет во кој времето неповратно минува, низ бројни ограничувања со кои не соочува самиот живот. 

Билетите се достапни онлајн на веб страницата како и на билетарницата во МНТ. 

Билетарницата работи понеделник и вторник од 12:00 до 18:00 и среда од 9:00 до 14:00.

 

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/mntmk/public_html/administrator/components/com_acymailing/classes/fields.php on line 1228


Deprecated: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in /home/mntmk/public_html/administrator/components/com_acymailing/classes/fields.php on line 1228