Горчливите солзи на Петра фон Кант
Премиера на претставата „Народен непријател“
Ви ја најавуваме премиерната изведба на финалниот продукт од големиот и комплексен проект „Патиштата на хероите“ поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан.

Со премиерната изведба на претставата „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ на 9 мај на големата сцена во Македонскиот народен театар, воедно ќе се одбележи и денот на Европа.

Да се каже денес дека некој класик на драмската литература е актуелен, звучи општо кажано. Но, кога ќе го погледнеме драмскиот текст на Хенрик Ибзен „Народен непријател“ (напишан во 1882 година) фасцинантно е колку допирни точки гледаме меѓу општеството во кое живееме и она кое се врти против доктор Стокман. 

Во случајот, во оваа претстава актуализацијата, пред сѐ, подразбира изострување на контекстот од каде што ја читаме драмата, без посебни интервенции во самиот текст, кој најмногу останува во својата изворна форма.

„Народен непријател“ отвора и важна дилема и во актуелните еколошки борби — како да се третира нешто што од една страна е извор на загадување и зараза, а од друга, главен (честопати единствен) извор на приход за поголемиот дел од населението во тој крај?Доктор Стокман е парадигма на современиот ангажиран маж, но тој е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека моменталното жртвување е неопходно, без разлика колку е тоа болно. 

 

Драматург: Тамара Барачков

Преведувач на драмскиот текст: Маја Трајановска-Ивановска

Сценограф: Вишња Вујовиќ

Костимограф: Ивана Каранфиловска-Угуровска

Дизајнер на светло: Крис Јегер 

Композитор: Јоргос Дусос

Кореограф: Карис Пекливанидис

 

УЛОГИ

д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања - Никола Ристановски

Катарина, неговата сопруга - Звездана Ангеловска

Петра (нивната ќерка), наставничка - Дарја Ризова

Ејла, нивната средна ќерка – Јана Вељановска

Мортине, нивната најмала ќерка - Ана Арсовска

Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата - Благој Веселинов

Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар - Петре Арсовски

Ховстад, уредничка на „Народен гласник“ - Сашка Димитровска

Билинг, соработник на „Народен гласник“ - Александар Михајловски

Аслаксен, сопственик на печатница - Нино Леви

Капетан Хорстер - Мартин Ѓоргоски

 

Премиера: 09.05.2022 година

Следна изведба:10.05.2022 година

Времетраење: 105 минути

 

 

Билетите за изведбата на 10 мај се достапни онлајн на веб-страницата www.mnt.mk како и на билетарницата во Македонскиот народен театар.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?