Прес-конференција – Премиера „Да тргнеме Сењор“
Прес-конференцијата, 18 декември (четврток) во 11 часот. На сцената на Македонскиот народен театар на 22.12.2014 ќе биде премиерно одиграна претставата „Да тргнеме Сењор“ , автор Ана Ристоска, режисер Нела Витошевиќ. На прес конференцијата ќе присуствува комплетниот авторски тим. *Актерите специјално за новинарите ќе одиграат еден дел од претставата (во траење од 10 минути) за тие 10 минути новинарите ќе можат да фотографираат и снимаат.