Само глас
Првенката Звездана Ангеловска е лауреат на наградата за најдобро актерско остварување на 29. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков"
Македонскиот народен театар со огромно задоволство објавува дека првенката Звездана Ангеловска е лауреат на наградата за најдобро актерско остварување на 29. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков". Таа е единствена која по втор пат ја добива истата награда. Оваа година е наградена за улогата на Таа во претставата „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, а во продукција на Македонскиот народен театар.
Според одлуката на фестивалското жири во состав на: Александра Пешевска, Благој Чоревски и Петар Мирчевски:
"Звездана Ангеловска ни овозможи поглед во внатрешниот свет на нејзиниот лик, изнесувајќи ги своите лични ставови, а преку нејзиното ламентирање се реконструира и пошироката слика на општество од социјален, идеолошки и религиозен аспект. Звездана Ангеловска својот лик го надградува со користење и на музички средства, во секој миг беше посветена и уверлива во својата креација на ликот, актерски моќна и стамена. Трансоформациите на ликот го покажуваат актерскиот дијапазон на Ангеловска, дијапазон со океанска длабочина и небесна широчина! Таа манифестираше модерен актерски израз во контекст на актуелниот глобален општествен миг".
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?