Само глас
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 14. ПАНФИЗ НА ОТВОРЕНО - ПЛАТО МНТ
 
Со оглед на актуелната ситуација во светот со корона-кризата, и ние како фестивал се обидуваме да се прилагодиме на сите протоколи кои се нужни, па така и оваа година, 14. ПАНФИЗ, по втор пат ќе се одржи на отворено и тоа пред МНТ-платото на северозападната тераса. Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Во случај на невреме претставите ќе се играат на малата сцена на МНТ. Билетите ќе бидат поделени пред претставата по принципот прв дојден прв услужен, за сепак да создадеме некаков ред во однос на препораките. Дезинфекциски средства ќе бидат поставени на видни места за ваша и наша заштита.
Се надеваме дека и овогодишната програма која во прилог ја доставуваме ќе предизвика интерес кај нашата публика, па со внимание ќе го проследиме и ова издание на ПАНФИЗ.
Оваа година имаме ексклузивна македонска фестивалска премиера и тоа во режија и кореографија на Ирена Лозинска – претставата се вика „Четири“ и е сублимат на физички театар, буто, танц и пантомима. „Алис ин Вондербанд“ од Србија и оваа година е на ПАНФИЗ, но овојпат со целодневна работилница наречена „Телото како инструмент“, која ќе биде вистинско освежување за млади таленти, но и постари актери заинтересирани за перкусионистички елементи, пеење, ритмика и актерска игра. Од Бугарија ни доаѓа Александар Илиев, со претставата „Комедија дел’ арте“, а ќе видиме и два буто перформанси, во продукција и изведба на Нектан Арт Центар, Марко Стојановиќ од Србија, а тоа се претставите „Светиот Маченик“ и „Спајдердаст“.
Идејата е да не застанеме и да не ја прекинеме традицијата. Продолжуваме да чекориме и да ја промовираме пантомимата и физичкиот театар колку и тоа да изгледа тешко во овие времиња. А тешко е.

ПАНФИЗ 2021

30 Јуни – 2 Јули , МНТ Плато

 

Со почит,
РСМ НУ Македонски народен театар и Страница
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?