По повод една година од отварањето на новиот објект и од првата изговорена реплика „Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш“ во претставата Вечната куќа по текст на Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски, која беше премиерно изведена на 07 декември 2013 год. По тој повод Македонскиот народен театар организира голем ТЕАТАРСКИ МАРАТОН кој ќе се одржи на 7 декември (недела) 2014 година.
На маратонот ќе бидат изведени претставите: „Госпоѓа министерка“ 11:00, „Сомнително лице“ 14:00, „Свадбата на Фигаро“ 16:00, „Изгубени германци“ 18:00 часот.
Во рамките на маратонот се предвидени: Поетска вечер посветена на Блаже Конески првиот драматург во МНТ (во балетска сала) 18:30 Промоција на печатеното издание на драмата „Вечната куќа“ и Чај за двајца - Гостин Јордан Плевнеш 20:15 Центарален дел од маратонот ќе биде големиот Концерт МНТ и пријателите 21:30 часот на кој ќе учествуваат актерите од ансамблот на МНТ и актери гости од другите театри. Влезниците за секоја претстава и концертот имаат симболична цена од 50 денари.