Започнaa пробите за претставата „АВАНТУРИТЕ НА АЛАДИН“ во Македонски народен театар

На сцената на Македонски народен театар – Скопје започнаа пробите за новата претстава „АВАНТУРИТЕ НА АЛАДИН“, во режија на Бојан Трифуновски, чија премиера се очекува во месец април. 

Тргнувајќи од митот за Аладин, претставата е замислена како  неонска бајка, базирана на постулатите од веќе легендарната приказна со арапски корени. Бајка/Мјузикл која ќе се обиде на најмладите и најважните учесници во нашата еволутивна дијалектика/децата да им ги пренесе идеите за љубовта како ненадмината и незаменлива движечка сила на творештвото, на пријателството и на магијата на сите кои со отворено срце и пристапуваат кон промените на  расплаканата планета.

Претстава изобилува со голем број на светлосни ефекти, во кои ќе се користи целиот светлосен капацитет на Македонскиот народниот театар. Претстава со која на најмладите ќе им ја воозобновиме љубовта кон Караѓоз театарот/театар на сенките. Апсолутното аудио-визуелно доживување, по прв пат на големата сцена на МНТ, со сите видео анимации и 3Д проекции изработени од  Миодраг Константинов, ќе помогне во создавањето на амалгам за првиот ДЕТСКИ СЦЕНСКИ СПЕКТАКЛ од овој размер, а воедно ќе биде и еднонезаборавно искуство за најмладите.

На сето ова се надоврзуваат нотите на маестро Емин Џијан  и диригентот на хорот Марко Павлевски кои ќеја изработат и подготват музиката за проектот. Сценографката Илина Ангеловска која зад себе има остварено повеќе од четириесетина театарски сценографии и по актуелната младинско/детска претстава „Силјан штркот шанца“ повторно чекори кон нови предизвици и авантури во детскиот свет, а за костимите ќе се погрижи младата костимографка Антонија Гугинска – Јовановска.

 Во претставата „Волшебната ламба“ ќе учествува несомнено најдобриот актерски потенцијал на МНТ - Александар Михајловски, Дарја Ризова, Сашко Коцев, Никола Ацески, Камка Тоциновски, Драгана Левенска, Ненад Анѓелковиќ и Славиша Кајевски, потпомогнати со децата од  Драмското студио по актерска игра од академијата на Магдалена Ризова -  Черних.

Идејата, магијата, креативното творештво и движечката сила на режисерот Бојан Трифуновски со магичниот проект „АВАНТУРИТЕ НА АЛАДИН“ ќе ги вовлече децата и возрасните со светот на љубовта и здравиот хумор. Трифуновски со оваа љубовна приказна ќе долови како и зошто треба да се справиме со секојдневните предизвици.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk