Репертоар

Петтото годишно време

Среда, 27 Октомври 2021 | 20:00
Untitled-1-02.jpg

Гостување на театарот „Јордан Х. К. Џинот“, Велес

 
Телото е повеќејазично битие. Говори по пат на својата боја и температура, од налетот на препознавањето, сјајот на љубовта, пепелта на болката, жештината на возбудата,  студенилото на неизвесноста. Говори по пат на постојан ситен танц, понекогаш лулање, понекогаш грчење, понекогаш треперење. Говори по пат на потскокнување на срцето, опаѓање на духот, провалија во средиштето, воздигнување на надежта.
Телото памети, коските паметат, зглобовите паметат, дури и малиот прст памети. Сеќавањето е заглавено во сликите и чувствата во самите клетки. Како сунѓер преполн вода, каде и да притиснеме, завртиме или благо да допреме, сеќавањето може да потече како поток.
 

Петтото годишно време

Текст: Сашо Димоски

Режија: Васил Зафирчев

Сценографија и видео дизајн: Филип Коруновски

Костимографија: Раде Василев

Композитор: Сашко Костов

Улоги: Олга Панго

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    60 минути
  • Изведбата е
    без пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk