Репертоар

НУ Танец - Седенка се збира Концерт посветен на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски

Вторник, 11 Јуни 2024 | 20:00
Cover-za-karti_2024_Gjorgji-Dimchevski.jpg
Ѓорѓи Димчевски (1924 - 2006) е една од легендите на македонската народна музика, со неизбришлива трага во историјата на ансамблот „Танец“ и во македонската музичка култура, воопшто. Во „Танец“ се вработил во 1954 година и на тоа место останал до крајот на својот работен век, до 1978 година, кога се пензионирал. Бил цели 25 години раководител на оркестарот, солист на виолина и тамбура, аранжер на песни и инструментални мелодии како и автор на музички обработки на цели кореографии. Исто така, бил и одличен свирач на зурла, меѓу другото и на антологиското оро „Тешкото“. Со „Танец“ патувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а заедно со целокупниот музички опус, недвосмислено претставува еден важен дел од македонското културно наследство. Во архивата на „Танец“ е забележано дека меѓу авторите на музички обработки за сите 75 години, Ѓорѓи Димчевски е на водечкото место, со 25 музички регистрирани кореографии. Неговото име стои зад антологиските постановки: Мариовска тресеница, Осоговка, Жетварка, Водарки, Тропнало оро, Цвеќеберачки, Солунка, Русалии и др. Во неговиот живот запишал и мелографирал неколку стотици македонски народни песни и објавил неколку книги со народни песни и ора, меѓу кои „Вие се оро македонско“ и „Седенка се збира“.
Ваквиот богат творечки опус, за ансамблот Танец, но и надвор од него, не обврзува да му приредиме меморијален музичко-сценски настан во чест на 100 годишнината од неговото раѓање, што ќе биде достоен за неговата величина. Програмскиот фокус е ставен на неговиот кореографски дела, но и на низа вокални, инструментални и вокално-инструментални сплетови, кои ги содржат мелодиите кои биле мотив за неговите музички обработки. На концертната програма ќе и претходи документарно видео за животот и делото на Ѓорѓи Димчевски, составено од архивски материјали од Танец, МРТ и приватната колекција на семејството Димчевски.
  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    минути
  • Изведбата е
    без пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk