НУ Македонски народен театар не врши поврат на средства или замена на билет за билетите кои се купени преку Интернет продажбата освен во случај на откажување или непредвидена промена на термин на претстава.
НУ Македонски народен театар го задржува правото за откажување или промена на претстава.
Во случај на откажување на претстава купувачот/гледачот може да го врати билетот при што средствата му се враќаат на сметка или да направи замена на билетот за некој друг термин за истата претстава без враќање на надомест.
Во случај на непредвидена промена на датумот на претставата, билетите ќе важат за заменетата претстава.
Во случај терминот на заменетата претстава не му одговара на купувачот/гледачот, билетите може да ги врати при што средствата му се враќаат на сметка.
Замената на билетите исклучиво важи само за билети со приложен доказ (печатен билет или број на нарачката од потврдата за трансакцијата).
Повратот на средства за претстава ке бидат извршени во рок од 48 часа директно на сметката на купувачот/ гледачот со потврда за направената трансакција преку електронска пошта.
Интернет продажбата на НУ МНТ овозможува плаќање на билети по пат на платежни картички, а се прифаќаат VISA, MasterCard, MAESTRO.
Податоците за платежните картички не се чуваат во системот за билети на НУ МНТ и истите се предмет на обработка само од центарот за процесирање.