Репертоар

ЉУБОВНА ТЕРАПИЈА - Гостува НУЦК „Трајко Прокопиев“, Куманово

Thursday, 01 February 2024 | 8:30
Плакат Љубовна терапија1 .png

Во претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот наслов „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, е обработена љубовта како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е взаемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси.  Од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го сопре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања ги наоѓаме во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска.

Симона Тоскиќ, драматург

 

Режисер: Драгана Таневска

Играат: Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски к.г., Матеј Стојковски к.г.

 

Драматург: Симона Тоскиќ 

Сценограф: Крсто Богојевски

Костимограф: Драгана Таневска

 

Инспициент: Антонио Пешевски

Светло мајстор: Звонимир Мицевски

Тон мајстор: Оливер Илиевски

Суфлер: Виктор Величковски

 

Шивач: Дарко Илиевски

Гардеробер: Елизабета Накевска

Реквизитер: Лиле Зафировска

Дизајнер на плакат: Матеј Стојковски

 

Декоратери: Јовица Николовски, Марјан Милановски, Лила Зафировска, Игор Душановски, Саљим Хамдија, Исак Јаихии, Зорица Милошевска

Набавувачи: Снежана Стојановска

Стручен соработник за драмска дејност: Јоана Сарафимовска

Маркетинг: Орхан Дуров 

Директор: Сашо Тодоровски

  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    минути
  • Изведбата е
    изберете
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk