Репризна изведба: Среда, 5 јуни 2024 | 19:00 часот
Пауза: Да, Сцена: Голема
За балетот „Чиполино“
„Чиполино“, или „Момчето кромид“ е балет создаден по мотивите на бајките на Џани Родари, кој ја раскажува приказната за граѓаните зеленчуци и моќните владетели овошки во кралството Градина. Главната тема која се обработува се неправдите кон помалку моќните и важноста на пријателството во тешки периоди. Приказната е вистински приказ за важните вредности во животот - тимски дух, пријателство, меѓусебно помагање, верба и борба за правда. Иако балетот е најпрво создаден за млади, сепак изобилува со сериозна кореографија од класичниот балет.
Прв Чин
На бајковитиот плоштад сѐ се чини тивко и како да има само корпи со зеленчук и овошје. Но, всушност тоа се големи и мали куќи во кои живеат овошја и зеленчуци кои многу личат на луѓе.
Семејството на ротквиците се запознава со семејството на кромидот (Чиполино). Мајката Чипола и таткото Чиполоне се обидуваат да се справат со непослушниот Чиполино кој е уморен да ја чува својата помала сестра Чиполета. Мајсторот Грозје ги поправа чевлите. Стариот господин Тиква бара цигли за да си изгради куќа. Професорката Морков свири на виолина и сите граѓани на градот танцуваат. Одеднаш, на плоштадот се појавува Сењор Домат и ја најавува посетата на Принц Лимон кој сака да разговара со граѓаните. Принцот Лимон штотуку издал нов Закон: сонцето, ветрот и дождот мора да се платат. Зеленчуците и овошјата се огорчени и бесни.
Во гужвата, Чиполино ненамерно стапнува на ногата на Принц Лимон. Чуварите се револтирани, Принцот е навреден - „бунтовникот“ мора да биде казнет. Но, Чиполино исчезнува и чуварите го апсат неговиот татко, стариот Чиполоне. Чиполино тагува, но и другите семејства имаат проблеми. Господин Тиква сам не може да изгради куќа, па Чиполино ги обединува сите за да му помогнат. Штом куќата е изградена, се појавува Сењор Домат. Тој речиси пука од гнев: куќата на господин Тиква е изградена на земјата на грофиците Цреши, земја која никој не може да ја користи. Стражата на Принц Лимон ја уништува куќата, а господин Тиква е очаен. Чиполино се подготвува за одмазда.
Втор Чин
Чиполино и неговата пријателка Ротквица одат во палатата за да го најдат местото каде што се чува стариот Чиполоне. На патот го среќаваат младиот гроф Цреша кој е многу осамен во палатата и започнуваат да го дружат. Обидувајќи се да го пронајдат затворениот Чиполоне, тие за малку ќе бидат фатени од Сењор Домат, но успеваат да побегнат.
Грофиците Цреши приредуваат гозба во чест на Принц Лимон. Додека сите се зафатени со танцување, тројцата пријатели успеваат да го ослободат Чиполоне. Лимоновата војска и полицијата трагаат по избеганите. Додека Чиполино ги крие татко му и Ротквица, го апсат.
Во градините на палатата, грофот Цреша ја среќава Магнолија и заедно го наоѓаат затворениот Чиполино и го ослободуваат.
Принц Лимон доаѓа во затворот да го казни „бунтовникот“, но не го наоѓа. Разбеснетиот Принц наредува да се пука со топот кон жителите на градот, но Чиполино и неговите пријатели успеваат да го турнат принцот во топот. Кога чадот ќе се спушти, го нема ниту Принц Лимон, ниту топот, ниту стражарите. Оттука па натаму, сите среќно живеат во градот од бајките. Ќе има нов град под ведро сино небо - град на пријатели!
ГЛАВНИ УЛОГИ
Чиполино: Елена Василевска
Ротквица: Виола Имиери
Татко Чиполоне: Кристина Пижевска
Мајка Чипола: Бистра Младеновска
Сестра Чиполета: Софија Христовска
Татко Ротквица: Ангелина Беличевска
Мајка Ротквица: Јана Трпковска
Брат Ротквица: Ева Радуловиќ
Сењор Домат: Илин Јовановски
Принц Лимон: Александра Никифоровски
Девојчиња: Каја Илиевска, Надја Иљов, Вања Поп Тонева, Јана Ацковска
Момчиња: Јана Беќарски, Андреа Стојковиќ, Ивана Илијевска, Јана Крстевска, Кристина Пижевска
Гроф Цреша: Тодор Стојковски
Грофици Цреши: Бистра Младеновска, Јана Трпковска
Магнолија: Бистра Младеновска
Кактус: Ева Радуловиќ
Господин Тиква: Талија Ѓорѓиева
Виолинистка Морков: Миа Шамкаров
Церемонијален Мајстор: Тодор Стојковски
Мајстор Грозје: Ивана Димеска
Полиција: Бранко Михајлоски, Стефанија Начевска, Енџи Николоска, Кристијан Петковски
Цветови: Јана Трпковска, Ангелина Беличевска, Софија Христовска, Каја Илиевска, Вања Поп Тонева
АНСАМБЛ
Цвеќиња: Никита Филиповиќ, Мила Проданов, Мила Петковска, Ема Кратовалиева, Евгенија Толеска, Васја Варналиева, Јана Караѓозовска, Калина Ендровска, Мона Милановиќ, Лаура Голомеиќ, Аксел Белковски, Марија Риа Николовска, Зои Коцевска, Ана Кузмановска, Ирис Бојаџиева, Дафне Кипровска, Зоја Ковачевиќ, Филипа Илијоска, Каја Савиќ, Бина Крстевска, Јоана Ленчевска, Неда Поповска, Исидора Станишева, Sophia Cunningham
Грозја: Ема Трпковска, Каја Радески, Норина Имери, Викторија Шотаровска, Аника Поповска Црнобрња, Ева Јордановска, Маша Савеска, Теодора Трпчевска, Јана Велјановска, Камила Меи Ишитани, Бенџамин Брнс, Марија Граврилова, Тамара Данчева, Елени Самара, Силвиа Рангелова, Шарлот Реи Ишитани, Катерина Самара
Пченки: Ива Рендевска, Лина Папазовска, Софија Живковска, Викторија Семенпеева
Моркови: Нина Давчевска, Бисера Тодоровска, Ирис Сотировска, Нала Вердел, Надја Младенов, Веда Цонева, Лина Филиповска, Андреа Ивановска, Бора Попоска
Цвекла: Троја Рама, Елиза Ѓокиќ, Каја Ковачевиќ, Искра Наумовска, Ема Блажевска, Ана Стефановска, Лара Аркадија, Мила Чапаровска, Теодора Владичевска, Сузи Евросимовска, Ева Илиевска
Тикви: Христина Дервенџи, Михаела Маџаров, Дуња Никифоровски, Јана Маневска, Јована Ефтимова, Тина Трпеска, Кира Самак, Лили Самак, Сара Андреевска, Тамара Радески
Војници: Софија Тодорова, Софија Стојмановска, Ема Лазарова, Сара Граматиковска, Лука Петковски
ЗА БУЛФРОГС БАЛЕТ
Булфрогс Балет Продукција
Основана во 2009 година, Булфрогс Балет Продукција 14 години континуирано и успешно спроведува балетски програми за деца и млади, како и целосни продукции од областа на изведбените уметности, според светски стандарди. Булфрогс Балет продукција до сега има реализарано девет балетски продукции со преку 30 изведби и репризи во театрите во Скопје, три театарски продукции, еден документарен филм, бројни годишни рецитали и други културно-уметнички изведби и настани. Покрај големи продукциски проекти, продукцијата спроведува и помали проекти од областа на културата и уметноста.
Училиштето Булфрогс Балет, како интегрален дел на продкуцијата, спроведува високо квалитетна балетска настава за деца и млади по наставната програма „Ваганова”, поделена на предбалетско, основно и средно ниво на образование. Во своето повеќегодишно постоење, во училиштето се едуцирани преку 1000 ученици.
Александра Никифоровски
Александра Никифоровски ја поставува и адаптира кореографијата на Чиполино според оригиналната кореографија на Хајнрик Мајоров. Александра има долгогодишно искуство како балетски педагог и кореограф. Нејзиното кореографско портфолио ги вклучува балетите „И жената знае да вози“, „Аметист“, „Тесеракт“, „Моите песни, моите соништа“, „Ени“, „Тарантела“, „Лебедово езеро“, „Сон на летната ноќ“, „Танц на кадетите“. Александра е сертифициран предавач за техниката за балетски развој (ПБТ) и е магистрант на Факултетот за музичка уметност - отсек балетска педагогија.
Сѐ е полесно кога сме заедно!