Режисер на ова современо читање на драмската класика „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ. Талентираната актерска екипа, односно организацијата која пренесува силни емоции преку прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера ја сочинуваат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски - колектив „Зад аголот“. Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја добива наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Р Србија. Претставата е во продукција на МКЦ.