
Детскиот свет е фантастичен, измислен, полн игри и секојдневно осознавање.
Нашите, веќе одамна блиски Пет плус фамилија (Петко, Лина, Лука, Алек, Цвајштајн, Лиз, Џими и нивните нови другари) уште еднаш ни потврдуваат дека во тој детски свет не постои нешто што е несовладливо, сè е возможно и ништо не ѝ е далечно и непознато на детската имагинација и на детското срце.
Тогаш замисли си да имаш временска машина и да патуваш напред и назад во времето, што мислиш, што е она кое ќе „ги порави грешките од минатото“ и ќе ја спаси иднината на светот, а се наоѓа токму овде - во сегашноста? Тоа се љубовта и другарството.
Токму во таков свет секој човек -секое дете од минато - сегашно и идно - време ќе пронајде непресушлив извор на сила, оптимизам и верба во поубаво утре, само и само поттикнат од взаемната добрина и љубов која непрестајно го започнува светот одново и ги прави сите добри и лоши луѓе едно огромно семејство.
А сега, влегувајте во временската машина и притиснете го вашето омилено копче, каде ќе се симнете во минатото или во иднината? Одговорот е едноставен: во својата зграда, во својата куќа, во својот дом!
Епа ајде, влегувајте побрзо- поаѓаме во непознатото!
Режија: Дејан Пројковски
Актери: Сања Арсовска, Игор Ангелов, Ѓорѓе Нешковиќ, Марјан Наумов, Чедомир Митевски, Изабела Јакимова, Матеа Јанковска, Марина Поп Панкова и Антонио Ташковски
Автори: Сања Арсовска и Билјана Крајчевска
Костимограф: Maрија Пупучевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Кореограф: Олга Панго
- Stage
Голема сцена
- Duration
minutes
- Intermission
без пауза