What's On

Woman Prosecutor

 

Thursday, 05 December 2024   |      21:00 hours   |    BUY TICKETS
FB_IMG_1728356575561.jpg
Претставата е продукт на спој на уметници од нашата држава и Република Србија, а поддржана од Министерството за култура, Почесниот козулат на Република Србија со седиште во Охрид и уште неколку национални установи.
Во претстава се зборува и на македонски и српски јазик.
Тоа што многумина го посакуваа како театарска претстава веќе имаат можност да го видат на сцената. Комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актулна тематика. Тоа е комедијата ,,Обвинителка", која дава свој суптилен коментар на денешното време. Преку низата на драмски ситуации актерското трио Вукичевиќ, Ризова и Ристовски со извонредната актерска игра изнудува многу смеа од страна публиката, а со нив во прекрасната епизодна улога е младиот актер Бранко Атанасов.
 
Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот.
 
Автор: Огнен Неделковски
 
Режисер: Сашо Ристовски
 
Сценограф: Крсто Богојевски
 
Костими: Елена Лука
 
Музика: Мишел Трајковски
 
Во претставата која е од особено значење за двете земји игра позната актерка од Србија Лидија Вукиќевиќ, позната по сериите Бољи живот, Жикина Династија и многу други, како и актерите од Театар Комедија, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски. Заедно со нив на сцената во епизодна улога е младиот перспективен актер Бранко Атанасов.
 
Продукција Театар Хит Скопје
 
 

 

  • Stage
    Мала сцена
  • Duration
    minutes
  • Intermission
    со пауза

 

Виртуелна прошетка Музеј

BOX OFFICE:
+389.2.3230.304

ADMINISTRATIVE DEPARTMENT:
+389.2.3216.725

ADDRESS:
"11 March" Street, No. 3, 1000 Skopje

e-mail: info@mnt.mk