What's On

PMG Recordings Festival 14

 

Friday, 17 October 2025   |      20:00 hours   |    BUY TICKETS
MNT BANER.jpg


Ова фестивалско издание нуди простор за изведба и промоција на најновото музичко творештво од квалитетни домашни автори и реномирани меѓународни музичари, кои ја прогресираат современата музичка култура. Сите изведувачи ги обединува желбата да излезат од класичните форми на креација и интерпретација, често комбинирајќи различни жанрови водени од сопствениот стил, инспирација и уметничка преокупација.
Втората фестивалска на 17 октомври во МНТ-мала сцена ќе донесе нови форми на електронската музика, чиј творечки и изведбен чин се тесно поврзани со други уметнички дисциплини, како поезијата и новите медиуми. Вечер во која се надминуваат границите на класичната музичка експресија, спојувајќи ја со технологиите на дигиталната ера и вештачката интелигенција.
L.O.V.D е псевдонимот на Љубен Дерибан – продуцент и диџеј од Скопје, кој ќе настапи со авторска електронска музика во живо. Неговиот музички израз вградува повеќе жанрови, помеѓу кои Electro, Breakbeat, EBM и G-Tech. Тој редовно самоиздава музика, а со своите live проекти настапувал во Брисел, Виена, Будимпешта, Приштина и Скопје.
Тука е и еден од највозбудливите музички проекти во земјава – ПОЕТРОНИКА, кој ја елевира македонската поезија на ново, неочекувано и атрактивно ниво, во контекст на авторска електронска музика, давајќи и ново толкување, приближувајќи ја до новата, младата публика. Проектот го сочинуваат Оливер Митковски, бардот на македонското глумиште, и Андреја Ристески-Салпе, еден од водечките современи македонски електронски продуценти. Зад себе имаат еден студиски албум, синглови и серија ремикси, како и саундтракот за претставата „Марта Верина“. Ексклузивно за фестивалот, настапот
во живо на „Поетроника“ ќе вклучи серија на нови, поетско-музики изведби кои ќе бидат дел од нивниот нов студиски албум.
Вечерта ја заокружуваме со BLACKSTATE - мрачно и меланхолично алт-поп алтер его на Филип Тасевски-Fitz, активен на домашната музичка сцена повеќе од две децении.
Комбинирајќи експериментална електроника, синт поп, алт-поп и хардкор панк, Blackstate создава „катарзичен инструментален експериментализам врз кој додава стихови кои ја истражуваат емоционалната комплексност во 21-от век и апсурдот на површноста пред суштината“ (A&R Factory, UK). Рецензиран од The Calvert Journal, Vents Magazine и A&R Factory, Blackstate ги објави ЕП-то „While the World's on Fire“ (2020) и неколку синглови, меѓу кои и „Kaleš bre Anǵo“ (2023), соработка со неговата баба, реномираната вокална интерпретаторка на македонска музика, Костадинка Јанчева-Крстиќ.
Реализацијата на фестивалот е подржана од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија и е во организација на здружението за развој на музика и култура Крај Вардарот.

 

 

  • Stage
    Small stage
  • Duration
    minutes
  • Intermission
    no intermission

 

Виртуелна прошетка Музеј

BOX OFFICE:
+389.2.3230.304

ADMINISTRATIVE DEPARTMENT:
+389.2.3216.725

ADDRESS:
"11 March" Street, No. 3, 1000 Skopje

e-mail: info@mnt.mk