СКОПЈЕ ТАНЦОВА ПЛАТФОРМА НА Танц Фест 2026
Ве покануваме да бидете дел од вечер исполнета со современ танц, каде движењето станува средство за раскажување, истражување и комуникација.
Програмата обединува дела со различни естетики и теми, создавајќи заокружено сценско доживување кое ја отвора сцената кон нови перспективи и читања.
Влезницата важи за двете претстави, меѓу двете претстави одиме на претстава во НОБ (со друга влезница), па се враќаме назад во МНТ со истата карта за следната претстава.
21:00 - “МА”, Дејан Битровски - Примиера
„МА“ е современа танцова претстава која го истражува суспендираното време како споделена состојба. Инспирирана од драматуршката структура на Чекајќи го Годо, делото не раскажува приказна, туку конструира поле на присуство во кое чекањето станува единствена реалност.
Уметнички Тим
Концепт и кореографија: Дејан Битровски
Изведувачи: Лука Горгиевски / Данило Скалинчи
Сценографија: Матеа Мијановиќ
Концепт на звук / аудио: Душко Јаневски
Дизајн на костим: Андреј Папаз
Инспирирано од: Чекајќи го Годо од Самуел Бекет
Времетраење: 30 минути
21:30 - “ЈУГО”, Ивана Балабанова - Примиера
Југо: химна на женскиот гнев го истражува идентитетот низ феминистичка перспектива. Поаѓајќи од стигматизираниот термин Југо, делото ги следи наследеното насилство, копнежот и раселувањето, преобразувајќи го замолчувањето во отпор, агенција и нежност.
Уметнички Тим
Кореографија / Уметнички директор: Ивана Балабанова
Драматургија: Мариса Годој
Изведувачи: Маја Селезнева, Софи Ларсон
Музика: Пол Таро Шмит
Звучна интеракција: Џонас Фулеман
Вокален тренер: Ирена З. Томажин
Сценографија: Ана Стрика
Светло: Линус Јакобсон
Костим: Џоди Шултес
Графички дизајн: Алехо Трулс
Фотографија: Ања Калин
Видео: Куштрим Мемети
Продукција: Бала продакшнс / Копродукција: Kulturhaus Helferei, Lichthof Theater Hamburg, HKD Rijeka
Земја: Швајцарија, 2026
Времетраење: 60 минути
СКОПЈЕ ТАНЦОВА ПЛАТФОРМА на Танц Фест 2026
Во текот на неколку фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи различни авторски пристапи, естетики и сценски јазици, преку селекција на премиери и актуелни дела на домашни и регионални уметници.
Програмата вклучува и двојни/тројни вечери, каде со една влезница се проследуваат повеќе претстави, овозможувајќи подлабоко доживување на современата танцова сцена.
Скопје Танцова Платформа е наменета и за меѓународна професионална публика, со присуство на програмери, куратори и фестивали од Европа, создавајќи можности за мобилност и видливост на домашните и регионални уметници.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.
BOX OFFICE:
+389.2.3230.304
ADMINISTRATIVE DEPARTMENT:
+389.2.3216.725
ADDRESS:
"11 March" Street, No. 3, 1000 Skopje
e-mail: info@mnt.mk