СКОПЈЕ ТАНЦОВА ПЛАТФОРМА на Танц Фест 2026
Ве покануваме на вечер посветена на современиот танц, која го заокружува програмскиот дел Скопје танцова платформа со две премиерни изведби и забава.
Во рамките на вечерта ќе се одржи и доделување на наградата МЕНАДА, признание за врвни достигнувања во областа на танцот и придонес кон развојот на современата танцова уметност.
20:00 - Трендинг Апокалипса: мачиња и поп ѕвезди, Адријана Данчевска Ровчанин - Примиера
„Трендинг Апокалипса : мачиња и поп ѕвезди“ е современа танцова претстава со DJ сет во живо, што го отсликува гламурозниот хаос на времето во кое живееме — ера водена од самоприкажување, брзи трендови и потрагата по пет минути слава.
Уметнички Тим
Кореографија: Адријана Данчевска Ровчанин
Музички продуцент / live set: Александар Гроздановски – Herzel
Изведувачи: Џилда Чесарио, Лука Ѓоргиевски, Анастасија Данчевска, Данило Скалинчи, Нина Петрушевска, Тереза Лазарев, Давор Милев
Визуелни елементи: Ивана Мојсовска Головска
Анимација: Давид Николовски
Стилист: Аника Иловска
Продукција: Скопје танцов театар / Интерарт Културен Центар, 2026
Времетрање: 45 минути
Пауза: 10 минути
Доделување на наградата МЕНАДА, признание за врвни достигнувања во областа на танцот и придонес кон развојот на современата танцова уметност.
21:00 - „Будење“, Рисима Рисимкин - Примиера
„Будење“ е колективна сценска композиција која ги истражува меѓучовечките односи и начинот на кој се формираат, одржуваат и распаѓаат моделите на однесување во современото општество.
Уметнички Тим
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Дизајн на сцена: Матеа Мијановиќ
Изведувачи: Саша Ефтимова, Адријана Данчевска Ровчанин, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Џилда Цесарио, Сара Димовска, Данило Скалници, Лука Ѓорѓиевски, Давор Милев, Нина Петрушевска, Теона Ѓуревска, Надја Луканова, Ивона Манасиевска, Елена Терзиева и др
Продукција: Скопје танцов театар / Интерарт Културен Центар, 2026
Времетрање: 40 минути
Вечерта продолжува со прослава на 30 години постоење на Интерарт Културен Центар, одбележувајќи три децении посветена работа во развојот на современиот танц и независната културна сцена.
СКОПЈЕ ТАНЦОВА ПЛАТФОРМА на Танц Фест 2026
Во текот на неколку фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи Во текот на неколку фестивалски вечери, публиката ќе има можност да проследи различни авторски пристапи, естетики и сценски јазици, преку селекција на премиери и актуелни дела на домашни и регионални уметници.
Програмата вклучува и двојни/тројни вечери, каде со една влезница се проследуваат повеќе претстави, овозможувајќи подлабоко доживување на современата танцова сцена.
Скопје Танцова Платформа е наменета и за меѓународна професионална публика, со присуство на програмери, куратори и фестивали од Европа, создавајќи можности за мобилност и видливост на домашните и регионалните уметници.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.
BOX OFFICE:
+389.2.3230.304
ADMINISTRATIVE DEPARTMENT:
+389.2.3216.725
ADDRESS:
"11 March" Street, No. 3, 1000 Skopje
e-mail: info@mnt.mk