Дејан Дуковски

Дејан Дуковски (1969, Скопје) е драматург, драмски писател и сценарист. Дипломирал на отсек Драматургија на Факултетот за драмски уметности, Скопје, во класата на Горан Стефановски, во 1990 година. Од 2015 г. работи како драматург во Македонски народен театар, Скопје.

 Драмски текстови

  • Дух кој оди (2014)
  • Изгубени Германци (2011)
  • Утерус (2009)
  • Мухарем не е мртов (1989)
  • Празен град (2007)
  • Галилео Галилеј (2006)
  • Гласот на Хомер (2005)
  • Другата страна (2004)
  • Дракула (2002)
  • Маме му ебам кој прв почна (1996)
  • Буре барут (1994)
  • Балканот не е мртов (1992)
  • Џинот и седумте џуџиња (1991)
  • Силјан штркот шанца (1991)
  • Последниот балкански вампир (1989)
  • Балканска 3а/II (1988)

 Филмски сценарија

  • Една ноќ во Лајка (краткометражен документарен филм) (2017)
  • Балканот не е мртов (2013)
  • Како во лош сон (базиран на текстот „Маме му ебам кој прв почна“) (2003)
  • Ѕвонење во глава (2002)
  • Буре барут (американски наслов „Кабаре Балкан“) (1995) копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и Грција
  • Балкан блуз (краткометражен игран филм) (1998)
  • Светло сиво (омнибус) (1993)

 Награди и признанија

  • Гран При на 9. интернационален фестивал „Скупи“, Скопје, за претставата „Дух кој оди“, копродукција на Српско народно позориште, Нови Сад, и Центарот за развој на визеулна култура, Нови Сад, во режија на Александар Поповски, 2015
  • Гран При на Интернационалниот филмски фестивал во Хаифи, Израел, за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1999
  • Гран При на Интернационалниот филмски фестивал во Анталија, Турција, за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1998
  • Награда „Бронзена камера 300“, на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, Битола, за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1998
  • ФИПРЕСЦИ интернационална награда на критиката за најдобар филм во сите категории на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1998
  • Награда на Европската асоцијација на критичарите, Лондон за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1998
  • Гран-при на меѓународниот театарски фестивал БИТЕФ за драмскиот текст „Маме му ебам кој прв почна“ (Белград, 1997)
  • Гран При на Интернационалниот театарски фестивал БИТЕФ ‘97 во Белград, Југославија за „Маме му ебам кој прв почна“, 1997
  • Награда за најдобар современ драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп за драмскиот текст „Буре барут“, 1995
  • Награда за најдобар современ драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп за драмскиот текст „Балканот не е мртов“, 1993
  • Награда за најдобар филм на Европска академија за филм (1998) за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ

 Книги

  • Едночинки, 2014
  • Драми, 2002, издавач: Проартс
  • Драми, 2012, издавач: Култура

 Останато

  • „Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски, кој покрај праизведбата во МНТ (1994) изведен е и на уште деветнаесет сцени и на речиси толку јазици (Грција,Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Германија, Данска, Холандија, Шведска, Јапонија, Бугарија, Турција ...)
  • Сите негови текстови се преведени на многу јазици и повеќекратно се наградувани: на осумнаесет јазици, на повеќе од сто сцени во светот од кои во Македонија -а 20, а останатите во другите земји. Статистички тој е најизведуван македонски драмски писател.
  • Работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993)
  • Во 1993 година е избран за асистент по предметот филмско и телевизиско сценарио на ФДУ, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија на истиот факултет
  • Престојувал како писател во резиденцијата Дојче Шаушпилхаус во Хамбург, Германија
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk