Дејан Пројковски

Дејан Пројковски (1979, Битола), дипломирал и магистрирал театарска режија во Софија на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, Бугарија, во класата на проф. Красимир Спасов. Од 2010 г. работи како режисер во Македонски народен театар, Скопје.

 

Театарски режии

  • Ричард трети (2022), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Новосадско позориште  - Нови Сад;
  • Кротењето на опаката (2022), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Градско позориште Подгорица;
  • Дервишот и смртта (2020), автор: Меша Селимовиќ, продукција: Народен театар на Република Српска, Бања Лука, Босна и Херцеговина
  • Браќа Карамазови (2019), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режија и адаптација: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар „Иван Вазов“, Софија, Бугарија
  • Ана Карењина (2019), автор: Лав Николаевич Толстој, продукција: Novosadsko pozorište/Újvidéki Színház, Нови Сад, Србија
  • Орестија (2018), автор: Есхил, продукција: Хрватско народно казалиште, Сплит, Хрватска
  • Буре барут (2018), автор: Дејан Пројковски, продукција: Црногорско народно позоришта, Подгорица, Црна Гора
  • Коцкар (2018), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, продукција: Народен театар – Битола
  • Ромео и Јулија (2017), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Национален театар Истанбул, Турција
  • Прометеј (2015), автор: Есхил, продукција: Турски театар, Скопје
  • Опасни врски (2014), автор: Шодерло де Лакло, продукција: театар „Вера Комисаржевскаја“, Сент Петесбург, Русија
  • Многу врева за ништо (2014), автор: Вилијам Шекспир, продукција: НУ Театар Комедија, Скопје
  • Вечната куќа (2013), автор: Јордан Плевнеш, продукција: Македонски народен театар, Скопје
  • Ромео и Јулија (2012), автор: Вилијам Шекспир, копродукција помеѓу Народен театар – Битола и театар „Вера Комисаржевскаја“, Сент Петесбург, Русија
  • Генетика на кучињата (2012), автор: Венко Андоновски, продукција: Драмски театар – Скопје
  • Малограѓанска свадба/Женидба (2012), автор: Бертолд Брехт, продукција: Народен театар - Охрид
  • Опасни врски (2010), автор: Шодерло де Лакло, продукција: Народен театар - Битола
  • Хамлет (2010), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Драмски театар – Скопје
  • Печалбари (2010), автор: Антон Панов, продукција: Народен театар – Куманово
  • Последниот ден на Мисирков (2009), продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица
  • Браќа Карамазови (2009), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, продукција: Народен театар – Битола
  • Далај Лама (2008), автор: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар – Битола
  • Ромео и Јулија (2008), автор: Вилијам Шекспир, продукција: Турски театар, Скопје
  • Бегалка (2007), автор: Васил Иљоски, режија и адаптција: Дејан Пројковски, продукција: Народен театар – Штип
  • Делириум за двајца (2006), автор: Ежен Јонеско, продукција: Македонски народен театар, Скопје
  • Тартиф (2006), автор: Жан Батист Поклен Молиер, продукција: Турски театар, Скопје
  • Смртта на Дантон (2005) автор: Георг Бихнер, автор и адаптација: Дејан Пројковски, продукција: Народен театар „Антон Панов“, Струмица 2005
  • Црнила (2004), автор: Коле Чашула, продукција: Народен театар – Штип
  • Маме му ебам кој прв почна (2004), автор: Дејан Дуковски, продукција: Народен театар - Битола
  • Гилгамеш (2004), автор: Билјана Пемова, продукција: Турски театар, Скопје
  • Јонадаб (2003), автор: Питер Шефер, продукција: Драмски театар – Скопје
  • Падот на невиноста (2002), автор: Василиј Сигарев, продукција: Драмски театар – Скопје
  • Баханалии (2002), автор: Горан Стефановски, асистент-режисер на Сашо Миленковски, продукција: Народен театар - Битола
  • Грешник (2001), автор: Ерик Емануел Шмит, асистент-режисер на Красимир Спасов, продукција: Народен театар – Битола

Награди

  • Меѓународна награда за режија во Истанбул, Р Турција
  • Најдобра претстава во Црна Гора на „Биенале на Црногорскиот театар“ за претставата „Буре барут“, 2019
  • AFIFE- театарскиот оскар за претстава на годината, најголема награда во Турција, за претставата „Ромео и Јулија“, 2018
  • Награда за најдобра претстава од најголемото и најпрестижно списание за театарска уметност „Тијатро“ во Турција за претставата „Ромео и Јулија“, 2018
  • Награда за најдобра претстава на годината во Хрватска за претставата „Орестија“, 2018
  • Награда за најоригинално театарско истражување на фестивалот „Инфант“, Нови Сад, Србија, за претставата „Отело“, 2017
  • Наградата за најдобра режија на Фестивалот на меѓународниот алтернативен театар (ФИАТ), Подгорица, Црна Гора за претставата „Хамлет“, 2014
  • Наградата за најдобра режија на Фестивалот на меѓународен алтернативен театар (ФИАТ), Подгорица, Црна Гора за претставата „Опасни врски“, 2014
  • Награда „13 Ноември”, признание на Градот Скопје за високи уметнички достигнувања, 2014
  • Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Генетика на кучињата“, 2014
  • Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Хамлет“, 2011
  • Награда за најдобра режија на Меѓународниот фестивал за античка драма „Стоби“ за претставата „Хамлет“, 2010
  • Награда за најдобра претстава на ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица за преставата „Последниот ден на Мисирков“
  • Награда за најдобра режија на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Бегалка“, 2008
  • Награда за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Бегалка“, 2008
  • Гран при, награда за најдобра претстава „Делириум за двајца“, на Меѓународниот фестивал „Актерот на Европа“ во Ресен, 2009

Режисер на други активности

  • Прослава за 20-годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, 2011
  • Концерт на маестро Борис Трајанов и Македонската филхармонија, диригент - Fabricio Carminati (Арената во Верона), 2006
  • Потрага по гласот – претстава, Идеја плус ДДБ, МНТ, 2006
  • Новогодишнен фестивал во Скопје, Македонија, 2006
  • Новогодишнен фестивал во Скопје, Македонија, 2005
  • МОБИДЕН мулти-просторен настан, Скопје, Македонија, 2004
  • Настан на „Орифлеим“, Универзална сала, Скопје, Македонија, 2004
  • Новогодишнен фестивал во Скопје, Македонија, 2004
  • Новогодишнен фестивал во Скопје, Македонија, 2003
  • Отварањето на „Скопско лето“, Скопје, Македонија, 2003
  • МОБИДЕН мулти-просторен настан, Скопје, Македонија, 2003
  • Настан на „Орифлеим“, Универзална сала, Скопје, Македонија, 2003

Останато

  • Од 2010 до 2015 година е уметнички директор, а од 2015 до 2017 година е директор на МНТ
  • Вонреден професор е по театарска режија и актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Europa Prima.
  • Извршен директор е на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, од 2006 до 2008 година и уметнички директор од 2008 до 2010 година
  • Неговите претстави гостувале на сцените во Италија, Германија, Турција, Франција, Англија, Србија, Хрватска, Полска, Албанија, Црна Гора, Унгарија, Бугарија, Иран, Словенија.
  • Дејан Пројковски се потврди како режисер на големи дела од светската класика, создавајќи претстави со специфична естетика и иновативен сценски јазик.
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk