Актерот Тони Михајловски е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“
Михајловски над три децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ и на други театри и ликовите пред филмската камера се испишува и голем дел на историјата на театарот и филмот кај нас. Посветеноста, автентичноста и препознатливоста на Михајловски говорат за неговиот широк актерски распон и придонес на сцената, а истовремено и за секоја нова претстава/филм/серија. Тој е еден од најпопуларните и најталентирани актери во македонското глумиште. Со огромен одглас и вон нашата земја. За тоа сведочат ликовите во 27 (дваесетиседум) претстави на сцената на МНТ и на други сцени, 46 (четриесетишест) ликови во филмови и ТВ серии во македонска и балканска продукција, како и 3 (три) режии. Не помалку се важни и неговите успешни реализации и работа во ТВ проекти и емисии, и како текстописец на бројни песни за голем број на пејачи и групи.
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk