Отворен ден за во театар!
Македонскиот народен театар, по повод 27 март, светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.
Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12:00 часот и изведбата на претставата
„Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20:00 часот.
Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.

Повелете во театар!
РСМ НУ Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk