ХЕНГИНГ АРАУНД

  • Автор: Љупчо Јованов
  • Режисер:

    Бојан Трифуновски

  • Информации:

    Сценограф и костимограф: Љупчо Јованов

    Композитор: Ади Имери

    Извршен продуцент: Виктор Рубен

    Асистент на костимографот: Валентина Чонкова

     

    Возрасна категорија 18 +

  • Премиерна изведба: Петок, 19 Април 2024
  • Времетраење: 90 минути
  • Пауза: Не
  • Сцена: Мала
0 (ХЕНГИНГ) и 1 (АРАУНД) – главни ликови во оваа приказна, изгубени во светот на бајките, не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се ДИСМАС и ГЕСТАС, но пред да ги распнат. Можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со СПАСИТЕЛОТ. Можеби патем решиле да се смират, да создадат фамилија со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја побараат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во НОВА ПРИКАЗНА. Но, сега остарени, со излитени и избледени карактери, како слаба реминисценција на тоа што порано биле, еден вид ФОТОКОПИЈА на монета на која двете страни се прикажани на еден бел лист. Можеби, но длабоко во себе не верувам. Останатите ликови се веќе добро познати карактери од СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ.
ЦЕЛОТО ДЕЈСТВО СЕ СЛУЧУВА ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ, МЕСТОТО И ВРЕМЕТО СЕ ИРЕЛЕВАНТНИ.

 

 

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk