Македонскиот народен театар, Ехо анимато од Белград и издавачката куќа за деца „Гаврош“ од Скопје, а во рамките на проектот „Патиштата на хероите“, денеска на 9 април во детскиот театар „Душко Радовиќ“ во Белград, ја креираат и детската работилница насловена како: „Раскажи ми слика, нацртај ми приказна“. За тоа како се создава една сликовница и одговор на сите прашања: Како се прави сликовница? Дали има книга без текст? Што е „лик“? Што се корици? Што е нарација со зборови, а што со слики? Како зборот и сликата формираат целина во илустрирана книга? Можеме ли да направиме сликовница за 3 часа?, ќе дадат писателката за деца, Ника Гавровска и театарската режисерка Ана Константиновиќ.