Само глас
ЕУ ПРОЕКТИ

ЕУ

Заеднички проблем што ги засега сите партнери е социјалната апатија и отсуство на делување, особено присутни во земјите од Западниот Балкан. Меѓутоа, овој проект, преку уметнички пристап кон проблемот, нуди начини како да се справиме со него, притоа фокусирајќи се на најзагрижувачкото прашање за кое е потребно нашето дејствување и тоа веднаш: околината.
Дали треба да ја видиме бојата на воздухот што го дишеме за да дејствуваме?!
Зошто не реагираме дури и кога е во прашање нашата гола егзистенција?!

Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се соочуваат со болното прашање околу загадувањето на воздухот, но од друга страна, и земјите со високо развиена еколошка политика: Словенија, Италија и Грција се исто така погодени од климатската криза. Ова е поттик за да ја испитаме одговорноста во време на таквата криза. Иако собираме факти, сепак остануваат отворени прашањата:
Што да ПРАВИМЕ со овие факти?
Како ДЕЈСТВУВАМЕ како поединци и заедници?
Како се справуваме со климатската криза на политички, социјален и емотивен план?

 

WoH

Добрата вест е дека постојат херои меѓу нас, и тие можат да ни покажат како! Голем број поединци веќе и дејствуваат за доброто на заедницата, но не се доволно видливи. Инспирирани од драмата на Ибзен, Народен непријател, којашто го истражува влијанието на поединецот врз заедницата и обратно, нашиот главен интерес е да ги доближиме нивните приказни до публиката преку: театар, претстави на отворено, изложби, илустрирани книги за деца и онлајн кампањи. Го анализираме и фактот на кој начин ние, како уметници, влијаеме на животната средина преку нашите работни процеси. Интернационалниот тим што работи на копродукцијата го собира документарниот материјал за време на активностите на проектот и ја реинтерпретира претставата. Преку ангажирање на мултидисциплинарно ниво, нашата цел е да внесеме динамика во јавниот театарски сектор и да креираме современ театар кој е вкоренет во потребите на заедницата. Чувството на припадност е од огромна важност за идентитетот на поединецот. Споделуваме приказни за добри практики со цел да ги инспирираме нашите заедници да ги следат Патиштата на хероите.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?