Warning
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 983
Управа

122480375 2689139174733055 6979842682007711384 nНа 3 септември 2018 г., од страна на министерот за култура на Р.М Асаф Адеми, за директор на Република Северна Македонија, НУ Македонски Народен Театар беше именувана Симона Угриновска.
Имено, Угриновска назначена е за директор од позиција на в.д директор и по нејзиното искуство како продуцент во матичната куќа МНТ, каде работи од 2010 г. Угриновска седум месеци раководеше како в.д директор, а во тој временски период реализираше повеќе настани, проекти, премиери, гостувања, патувања и изложби, од кои се издвојуваат:
Непосредно по назначувањето како в.д директор беа изведени премиерните изведби на „Госпоѓоците од Авињон“, кон средината на месец февруари 2018 г. на малата сцена, и „Дух“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, во месец април на големата сцена. Прва премиера во сезоната 2018/2019 е претставата „Еден месец на село“ во режија на Паоло Маџели која се очекува на крајот на месец септември.
Исто така ја договара посетата на култниот српски режисер Горан Марковиќ во МНТ, по повод изведбата на претставата „Говорна мана“ во режија на Драгана Милошевска, а по текст на Горан Марковиќ.
Непосредно потоа МНТ станува членка во асоцијацијата на балканските национални театри АБНТ заедно со Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија, и четири други национални театри од различни држави од Балканот.
Во преполно гледалиште на големата сцена со претставата „Силјан штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ се одбележи 27 март, Светскиот ден на театарот, каде актерите ја прочитаа компилацијата од светските пораки, и пораката од актерот Сашко Коцев. Истата вечер на малата сцена во МНТ студентите од ФДУ, одделот за драмски уметности ја иведоа својата дипломска работа „Голем студ“ под менторство на проф. Зоја Бузалковска.
Во месец април се одбележи 73 годишнината на МНТ со изложбите „Моќта на актерот“ и „Моќта на театарот“.
Следеа гостувањата во МНТ: скопската премиера на „Планинските џинови“, на Луиџи Пирандело, а во режија на Паоло Маџели (претствата е дел од регионалниот проект „(Ре)Откривање на Европа„ кофинансиран од ЕУ, Креативна Европа и е копродукција на: Италијанската драма при Хрватскиот народен театар „Иван Зајц“, Риека, Хрватска; Словенечки Стален театар, Трст, Италија; Унгарскиот театар КДЗС Суботица, Србија, Германскиот театар Темишвар, Романија и НУ Албански театар, Скопје); Народно позориште Белград и Битеф театар со претставата „Царство небеско“ - Епика Балканика, која се играше на две локации. на големата сцена во Македонски народен театар и во Младински културен центар - кино „Фросина“; Југословенско народно позориште, Р. Србија со претставата „Ајнштајновите соништа“; а во рамките на Скопско лето (во соработка со МНТ) гостуваше театарот Гавела од Загреб со претстава „Крал Рикард III“, во режија на Александар Поповски.
Се реализираа и гостувања на претставата „Ничија земја“ надвор од сцената на матичната куќа: на XVII фестивал на босанскохерцеговската драма и авторскиот театар Зеница 2018 г., кој се оддржа од 6 до 14 мај под мотото „Ex Ponto: Каде е моето место?“; Меѓународниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа“, Благоевград, Р. Бугарија; отворањето на 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, а во рамките на фестивалот беше поставена и изложбата „Моќта на театарот“ - изложба посветена на театарската уметност.

Симона Угриновска дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за драмски уметности - отсек продукција, во класата на проф. Мартин Панчевски, во 1993 г. Како продуцент работела во Македонската радио телевизија и во Министерството за одбрана како помошник министер за издавачка дејност и аудуо и видео продукција. Од 2010 г. е продуцент во НУ Македонски народен театар, и има работено на повеќе од 15 театарски претстави: „Бесови“ (2011), во режија на Златко Славенски; „Свадбата на Фигаро“ (2011), во режија на Леван Цуладзе; „Парите се отепувачка“ (2011), во режија на Бојан Трифуновски; „Животот е сон“ (2012), во режија на Владо Цветановски; „Подемот и падот на кабарето“ (2013), во режија на Владимир Милчин; „Вечната куќа“ (2013), во режија на Дејан Пројковски; „Аферата Елсињор“ (2014) во режија на Љубиша Георгиевски; „Сината птица“ (2014), во режија на Златко Славенски; „Да тргнеме Сењор“ (2014), во режија на Нела Витошевиќ; „Вујко Вања“ (2015), во режија на Зоја Бузалковска; „Мајсторот и Маргарита“ (2015), во режија на Иван Поповски; „Чикаго“ (2015), во режија на Наташа Поплавска; „Брачна игра“ (2016), во режија на Тони Михајловски; „Прекината одисеја“ (2016), во режија на Јацег Гломб (копродукциски проект помеѓу НУ МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ од Полска); „Соларис“ (2016), во режија на Андриј Жолдак; „Квартет“ (2016), во режија на Зоја Бузалковска; „Тартиф“ (2016), во режија на Галин Стоев; „Говорна мана“ (2017), во режија на Драгана Милошевска, „Авантурите на Аладин“ (2017), во режија на Бојан Трифуновски; „Mamma Mia!“ (2017), во режија на Наташа Поплавска и „Госпоѓиците од Авињон“ (2018), во режија на Ненад Витанов.

 

УМЕТНИЧКИ СОВЕТ НА НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

НИКОЛА РИСТАНОВСКИ - АКТЕР

НИКОЛИНА КУЈАЧА - АКТЕРКА

ЗВЕЗДАНА АНГЕЛОВСКА - АКТЕРКА

ДЕЈАН ДУКОВСКИ - ДРАМАТУРГ

САШКО КОЦЕВ - АКТЕР

 

КОНТАКТ
+389.2.3230.304, +389.2.3216.366 и +389.2.3216.725

Контакт лице овластено за заштитено внатрешно пријавување: Васил Ризов
маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Службено лице за посредување со информации од јавен карактер: Мила Анѓелковиќ
маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk