Актери

Статус на актер

Сите

Кирил Коруновски

Кирил Коруновски е роден во 1948 година. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Високата музичка школа (Факултетот за драмски уметности) во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Димитрие Османли, во 1974 г. Во Македонски народен театар - Скопје работи од 1978 до 2013 година.

 

СЕЛЕКТИВНА ТЕАТРОГРАФИЈА

  • Михаил Александрович Берлиоз, Максимилијан Андреевич Поплавски, Гостин на балот (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор:  Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Симеонов-Пишчик Борис Борисович, поседник (Вишновата градина, 2010), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Темпирана опера, 2010), според „Опера за три гроша“ од Бертолт Брехт и „Пеколен портокал“ од Ентони Барџис, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Слуга (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Кулмие (Мара/Сад, 2008), Автор: Петер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Ревизор, 2006), автор: Николај Васиљевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Нотарот (Една вечер со..., 2006), автор: Жан Батист Поклен Молиер, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Безимениот (Безимениот, 2005), според „Електра“ од Софокле, режисер: Елени Боза, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Боби Торбет (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Каферти, режисер: Филип ле Моан, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Дејвис (Домар, 2004), автор: Харолд Пинтер, режисер: Трајче Георгиев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Директорот Антон Поп Стоилсков (Белите коњи, 2003), автор: Петре Бакевски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Ѓорѓија, тетин (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Тодоровиќ (Грофот Миливој, 2001), автор: Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Христо Хаџиманов, некогашен полициски иследовател, татко на Мирче (Крик, 1991), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Лекарот (Посета на старата дама, 1990), автор: Фридрих Диренмат, режија: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Вртимушка– премиера: 5.1990), автор: Афродита Кирјаковска, режисер: Афродита Кирјаковска, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Ванек (Аудиенција и Под нов покрив, 1988), автор: Вацлав Хавел, режисер: Душан Г. Наумовски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Придружба на Херцогот (Дон Кихот, 1987), автор: Михаил Афанасиевич Булгаков, режисер: Златко Свибен, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Помладиот експерт за метафори (Големиот брилјантен валцер, 1986), автор: Драго Јанчар, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Гони Шелевски (Рамна земја, 1985), автор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Бен (Слободни врски, 1984), автор: Мајкл Велер, режисер: Ајрин Луис, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Комесарот (Погрижи се за Амелија, 1984), автор: Жорж Фејдо, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Петре, Синот на Петре (Макавејските празници, 1983), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Втор кираџија (Метаморфоза, 1982), автор: Франц Кафка, режисер: Душан Г. Наумовски, продукција: Македонски народен театар – Скопје (По претставата, 1981), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Атанас, чирак кај Јонче (Милион маченици, 1980), автор: Ристо Крле, режисер: Петре Прличко, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Лекарот (Череп, 1980), автор: Назим Хикмет, режисер: Кемал Лила, продукција: Македонски народен театар – Скопје (Вечер на Лундквист, 1979), автор: Артур Лундиквист, адаптација: Чедо Камџијаш, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Коле (Чорбаџи Теодос, 1978), автор: Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Иван Мали, Затвореник 2 (Алексијада– премиера: 10.1978), автор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Алексеј Егорович (Бесови, 1978), автор: Албер Ками, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Џорџ Сиковски (Сезона на шампионите, 1975), автор: Џејси Милер, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Пелиновчанец (Пелиново, 1974), автор: Жарко Команин, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје

 

СЕЛЕКТИВНА ФИЛМОГРАФИЈА

  • Ангел (Лена и Владимир, ТВ филм, 2022), режија: Игор Алексов
  • Премиерот (Хеј, 2018), режија: Васил Христов
  • Пијаницата (Три деа во септември, 2016), режија: Даријан Пејовски
  • (Скопје ремикс, 2012), режија: повеќе режисери
  • Такото (Јас сум од Титов Велес, 2007), режија: Теона Стругар Митевска
  • Пеце (Како убив светец, 2004), режија: Теона Стругар Митевска
  • (Северна грешка, ТВ филм, 1990), режија: Борис Дамовски
  • (Трговецот од Солун, ТВ филм, 1985), режија:Душко Наумовски
  • (Милион маченици, ТВ филм, 1981), режија: Бранко Ставрев

ТВ-серии

  • (Илинден, 1982)

 

  • Име Кирил
  • Презиме Коруновски
  • Година на раѓање 1948
  • Пол Машко
  • Статус на актер Пензионирани актери
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk